|
|
Името Македонија ни е наследство од нашите претходни генерации! |
До кога треба да се толерираат оние кои упорно работат на тоа да не` нема, да ни го срушат достоинството, гордоста и најлошо од се` со своите глупости да и` го валкаат името на нашата Македонија. Демократијата како систем е добра во одредени ситуации но, за жал многумина ја злоупотребуваат. Навистина се преминаа сите граници и затоа, нема повеќе толеранција. Ова мора да запре! Ако не, тогаш Господ да се симне на земјата нема да може да ни помогне. Народов веќе доволно претрпе додека предавнички, плитки и проклети умови решават за неговата иднина! Продаваат име и јазик, територија даваат на поклон, и што уште не. Нашиов народ има поговорка која вели: „Ѓаволот ни ора, ни копа“... Галиба грешка е! И ора и копа и ни ја вади душата со секој збор излезен од било која уста што е против интересите на Македонија! Мили мои сестри и браќа Македонци! Ние немаме никаков проблем со нашето име, проблем има нашиот јужен сосед, ние Македонците знаеме кои сме и што сме и после 100 години ќе знаеме дека сме Македонци и ќе сме свесни за коренот наш Македонски! Сме постоеле и пред Христа, а денес во 21 век кому ли уште треба да се докажуваме кога од Македонија започнува се`! И затоа на овој народ Македонија му е пред СЕ`! Македонија има патриоти во Македонија и дијаспората кои си ја сакаат државата и се` би дале за неа. Македонија не смее повеќе да си дозволи понижување! Името Македонија ни е наследство од нашите претходни генерации! Наша света обврска е: Македонија да ја предадеме на идните генерации со истото име што го наследивме, а тоа е името - МАКЕДОНИЈА! Оваа држава се вика Македонија, МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ постоеле, постојат и ќе постојат! Секој Македонец треба да застане во првите редови на фронтот во одбрана на името, идентитетот и јазикот, во одбрана на демократијата, за да ја зачува слободата и не стане граѓанин од втор ред во својата земја. Да не дозволиме душманите да направат уште еден геноцид врз Македонците, овој пат идентитетски. Само така обединети со нашите браќа и сестри од дијаспората, ќе им се спротивставиме на овие предавници, продадени души и ќе покажеме дека Македонија раѓала, раѓа и ќе раѓа синови кои знаат и можат да ја одбранат! Обединети како еден заедно со нашите од дијаспората, можеме да го одбраниме нашето име и идентитет! Бојкотираме референдум за промена на нашето, име, идентитет, историја,... Сме за ЕУ и НАТО, само достојно со нашето вековне име:МАКЕДОНИЈА! Заради сето тоа: БОЈКОТИРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ! Вечна да е Библијска Македонија! АМИН! |