Среда, 15 Август 2018   
Бурна есен на Балканот

MN MK
Македонска нација

Во текот на 27 години од својата независност, почнувајќи од Бадинтеровата комисија  Македонија во континуитет добива условени позитивни оценки од меѓународната заедница.

Во овој период, Македонија мораше да направи безброј остапки: да се откаже од своето знаме, да ја прифати референцата ПЈРМ, да го потпише Рамковниот договор, да го промени Уставот, договорот со Бугарија, законот за двојазичност, договорот со Грција,...

Македонија на нејзина територија прифати околу 400.000 бегалци, му даде подршка на НАТО силите за време на Косовската кампања, нејзини војници учествуваат во мировните мисии во Ирак, Авганистан, Босна и Херцеговина и др.

Многу напор, многу потрошено време, многу активности за да се доближиме до посакуваните европски стандарди и да бидеме дел од ЕУ и НАТО.

Гледано од овој аспект, Македонија е секогаш на чекор да стане дел од ЕУ и НАТО. Но, иако земјата ги исполни сите предуслови, од неа постојано се бара да направи уште еден чекор, а се дотогаш портата на ЕУ и НАТО останува затворена за Македонија. Како основна причина за влез во ЕУ и НАТО, се наметнува решавањето на спорот со името.

Наизглед ирационален, спорот кој го наметна јужниот сосед Грција, не е така безазлен.

Грција решението го бара во име за севкупна употреба, што би значело, промена на уставот, односно самоукинување на македонскиот народ.

Договорот кој го потпишаа Димитров и Заев со Грција , јужниот сосед има поддршка и од некои земји членки на ЕУ и НАТО. Патем речено, речиси истите земји кои го создадоа овој спор со поделбата на Македонија на мировната конференција во Букурешт во 1913 година, денес ја поддржуваат Грција. Иронично бараат од Македонците  да го решат проблемот со јужниот сосед ако сме сакале да влеземе во ЕУ и НАТО. Бараат нешто што е без преседан во светската историја и што ниту еден народ не би прифатил.

Дури и да се реши проблемот со името, кој на Македонија и гарантира дека ќе стане дел од ЕУ и НАТО, посебно ако се знае за големиот отпор на некои членки на Унијата кон забрзувањето на процесот на проширување.

За таа цел на грчката дипломатија и успеа да ги придобие Албанците во спорот со името.

Тие бараат од македонските Албанци, чија примарна цел е брза интеграција во ЕУ и НАТО, сојузништво за да ја поделат Македонија по етничка база.

Иако и самите имаат нерасчистени проблеми со Албанците во Чемерија. Грците се трудат да ги свртат Албанците во Македонија против интересите на Македонија.

Меѓутоа, во целата  игра на грчката дипломатија Албанците можат да изгубат многу, односно откако ќе бидат искористени, да бидат отфрлени како марамче за еднократна употреба.

Зачудува индолентниот однос на членките на ЕУ, кои зафатени со сопствените проблеми, не само што дозволија Грција економски и политички да ја дестабилизира ЕУ, туку молкум гледаат на обидите на нивната членка да го дестабилизира Балканот.

И наместо да го интегрираат овој дел од Европа, со што би се намалиле шансите за негова дестабилизација, ЕУ испраќа збунувачки сигнали околу проширувањето, па балканските држави незнаат на кого да му веруваат. Отука не случајно се зголемува евроскептицизмот и се преземаат несодветни чекори.

Демократијата како систем е добра во одредени ситуации но, за жал многумина ја злоупотребуваат. Навистина се преминаа сите граници и затоа, нема повеќе толеранција. Ова мора да запре! Ако не, тогаш Господ да се симне на земјата нема да може да ни помогне. Народов веќе доволно претрпе додека предавнички, плитки и проклети умови решават за неговата иднина!

Ако ја имаме во предвид политиката на двојни стандарди и инертноста на ЕУ за превенирање на можни кризни ситуации, единстваната можност да се избегнат несаканите сценариа е интегрирањето на Македонија под устаавното име во ЕУ и НАТО. Во спротивно се очекува  Бурна есен на Балканот.

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.