|
|
Велепредавство е кога владин функционер, за време на своето владеење работи или пропагира против својот народ и држава |
Предавство или велепредавство не се разликите во мислата, говорот и уверувањето. Тоа е богатство на општеството, во тоа е смислата на демократијата. Се разбира, антидемократски е квалификацијата предавник за сите што различно мислат, говорат и имаат свое спротивно уверување од било која власт. И во Македонија, како и во секое демократско општество, не е предавство или велепредавство разликите во мислата, говорот или уверувањето. Тоа е здраво демократство општество. Велепредавство е кога владин функционер, за време на своето владеење работи или пропагира против својот народ и држава. Дали постојат предавници? Се разбира, непријателот не може да Ви биде предавник, затоа што тој Ви е деклариран противник. Непријателот никогаш не може да биде предавник, но предавникот може секогаш да Ви стане непријател. Тој што Ве предал поради материја, на пример пари или власт, или и едното и другото. Во кривичното законодавство, современите општества изградиле институт велепредавство. Тој што полагал заклетва дека нешто ќе штити и брани по Устав и закон, а поради интерес, ја погазил заклетвата и прешол на другата страна. Степенот на одговорноста го квалификува делото на предавство или велепредавство. Некој може да побегне од земјата и да не ја брани од напад на непријател во случај на окупација и геноцид, иако одбраната на земјата е обврска за сите нејзини државјани ќе се смета за кукавица, предавник. Кога офицерското лице или владин функционер ќе побегне од земјата, е тоа се смета за дезертерство, предавство или велепредавство и нему му се суди, за тоа одговара и лежи затвор, затоа што полагал заклетва пред да седне на тоа место. Таквите функционери се судат по редовна постапка, а понекогаш им се пресудува смртна казна, во редовна или итна постапка. |