Среда, 15 Август 2018   
Во однесувањето на сегашната власт не можеме да бараме праведност!

svekrva-nova
Свекрва

Плановите на Зоран Заев за промена на името, идентитетот и историјата на Македонците, не се одвиваат според планираното сценарио. И покрај заплашувањата, притисоците и апсењата на македонските патриоти, македонскиот народ не ги поддржува приказните на власта дека со промена на името нема да се промени идентитетот, јазикот и т.н. Македонците се противат да влезат со сменето уставно име во НАТО и ЕУ и се спремаат за бојкот на закажаниот референдум во септември.

Власта на Зоран Заев, спротивно на вољата на народот, континуирано му испраќа порака на македонскиот народ дека мора сите да се качиме на „истиот брод“, односно да ја прифатиме промена на името ако сакаме да станеме членка на НАТО и ЕУ и ако сакаме да опстанеме како држава, бидејќи според нив друга алтернатива немало.

Бидејќи најголемиот дел од македонскиот народ се за членство во НАТО и ЕУ, но се против промена на името, сегашната власт за да ја изврши нарачката, се обидува да ја менаџира ситуацијата со контрола на информација и да пласира информации за благосостојбата која не чека по евроатланските интеграции.

Дека смрди оддалеку се гледа и од самото референдумско прашање, кое е направено без договор со опозицијата. Тоа е трик прашање, составено од неколку прашања и содржи неколку одговори: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“. Вака конструираното прашање, со оглед дека најголемиот дел од народ е за влез во НАТО, наведува само кон еден одговор – ДА.

Меѓутоа, иако граѓаните на Македонија сакаат нашата земја да влезе во ЕУ и НАТО, тие не се согасуваат членството да биде условено со промена на уставно име Република Македонија.

Затоа најголемиот дел од народот ќе го бојкотира  референдумот!

Особено ако се знае дека оваа власт, брзо ги менува одлуките и од задолжителен, референдумот го најави за консултативен, што незначи дека потоа нема да го има во предвид и гласањето, за да без прашање на македонскиот народ му го смени името.

Владеачката домашна елита и надворешните спонзори, незадоволни од развојот на настаните во земјата и регионот и од можноста вистината да излезе на површина, како и тоа дека сите тие би биле дискредитирани, на разни начини се обидуваат да го затворат протокот на вистината за да ја оддржат контролата врз населението. За таа цел се вбризгуваат свежи пари кои треба да послужат за развој на пропаганден систем кај нас и во регионот.

Во однесувањето на сегашната власт не можеме да бараме праведност, бидејќи тие се дел од меѓународна завера за редефинирање на регионот.  Дека се работи за поголема операција во која меѓудругото не се почитува ни мислењето на Македонецот се гледа и од референдумското прашање и од средствата кои странците ги издвојуваат за да го обучат македонското население и локалните новинари да ги разликуваат вистинските од лажните вести.

Македонците, особено жителите од градот на гемиџиите кои станаа хит за „fake news“, за време на претседателските избори во САД, денес треба да учат како да разликуваат лажни вести, како да се одбранат од ширењето на дезинформации и дека  референдумското прашање треба да го прифатат за да се влезе во НАТО, оти Македонија ќе биде поделена меѓу соседите!?

Овде очигледно народот не се прашува и на мускули сегашната власт и нашиот најголем стратешки партнер ќе се обидат Македонија да ја внесат во НАТО под договореното име. За таа цел нивната владина агенција е спремна да издвои неколку милиони долари за да се зголеми „медиумската писменост“ во земјата, односно пари за пропаганда за влез во НАТО. 

Точно е дека со настаните во последниве години, проширувањето на дезинформациите се интензивираа во Македонија. Точно е дека тие поттикнаа поделба во општеството и предизвикаа општа конфузија и разочарување во демократските процеси и вредностите во целина, но не е точно дека Македонците се медиумски неписмени. Тие кои со векови биле изложени на пропаганди, многу добро можеа да ги препознаат и да ги разликуваат вистинските од спинуваните вести.

Сето ова наведува дека Македонците само преку целосен бојкот на референдумот ќе успеат да го одбранат своето уставно име, но и дека во Македонија, сакала или не, ќе стане база за пропаганден систем во целиот регион, преку која ќе се спасува нашиот стратешки партнер.

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.