|
|
Ние сме на прав пат |
По договорот со Грција, сегашната македонска власт предизвикува многу непознаници меѓу кои, дали идните генерации Македонци ќе можат да зборуваат за Илинденско Востание и дали ќе можат да говорат за херојската битка кај Локвата и Вињари помеѓу костурските чети на Македонската револуционерна организација и османлиската војска кај селото Д’мбени, Костурско, непосредно пред Илинденското востание, бидејќи Грција не признава дека има македонски народ во Егејскиот дел на Македонија. По глупостите кои ги направи оваа власт, илјадници Илинденци од 1903 и 1944 година, кои ги положија своите животи во сите три дела на поделена Македонија, денес се превртуваат во своите гробови, гледајќи како нивните потомци така лесно се откажуваат од продобивките кои се добиени со потоци крв. Денешното македонско раководство, предводено од премиерот Зоран Заев, под притисок на надворешните центри на моќ, прави секакви напори за да го смени името на земјата за да таа влезе во ЕУ и НАТО. До каде и до кога со простотилуков?! Македонија од секогаш патела од предавници, продадени души но, ова веќе ја преминува секоја граница. До кога треба да се толерираат оние кои упорно работат на тоа да не нема, да ни го нарушат достоинството, гордоста и најлошо од се со своите глупости да и го валкаат името на Македонија. Демократијата како систем е добра во одредени ситуации но, за жал многумина ја злоупотребуваат на наша штета. Во исклучително краток период на оваа наша мала територија од веќе јасно дефинираната и препознатлива мала група на чело со Зоран Заев упорно се пропагираат искривените вредности што за век и веков уверен сум дека ќе останат основната асоцијација за секој од нив. Да се прикажува грешникот како чесен, предавникот како лојален, неверникот како верник а лошиот како добар е најдобар пример за тоа што го гледаме сега, што го слушаме во овој момент и што сите знаеме дека е токму тоа, искривени вредности од веќе дефинираните луѓе. Ова боли, онака како што боли фактот дека повторно ја потценува свеста на Македонецот. Македонецот знае да ги препознае вистинските вредности кои се темелат на истрајноста, чесноста, посветеноста, патриотизмот, љубовта кон својот народ, желбата за подобра иднина. Е ова се вистинските вредности но, за нив можат да говорат вистинските лојални, чесни, добронамерни граѓани. Навистина се поминаа сите граници и за толеранција, и за манифестирање на демократија, а најмногу од се за дозволување на секој еден да си го кажува мислењето. И пак да се навратам на муабетот ,, Демократија е кога секој може да каже што мисли, дури и тогаш кога не мисли. Ова мора да запре! Ако не, тогаш Господ да се симне на земјата нема да може да ни помогне. Нас не треба Атињанине да ни прават проблеми и да не негираат. Ние си имаме домашни миленичиња кои го прават тоа! Неразмислувањето кое што се манифестира во однесувањето, во говорите и во ставовите на одредени ,, народни избраници,, ме ужаснува. Се ова наликува на книга напишана од некој извитоперен ум а парадоксот е тоа што нам сето тоа ни е реалност. Оние што тргнале по грешниот пат слободно нека продолжат да се закопуваат се подлабоко во живиот песок наречен пропаст. А за нас, воопшто нека не се тревожат. Ние сме на прав пат.
|