|
|
Македонскиот народ мора да го бојкотира референдумот! |
Македонија во своите природни етнички и геопграфски граници не се разликува многу по територија од државата на Филип Втори, таткото на Александар Македонски. Од секогаш самото месно население, и соседните народи ја означуваат оваа област со името Македонија, знаејќи, притоа, точно кои региони спаѓаат во географските и во традиционалните нејзини граници. Меѓутоа, поделбата на Македонија во Букурешт 1913 година и потврдувањето на поделбата во Париз 1919 година, потоа бришењето на историските вистини за македонскиот народ, укажува дека на многумина на Балканот и во Европа им смета постоењето на Македонците и македонската држава. Инаку, Македонија во своите природни граници има 67.741 квадратни километри, а тоа значи дека таа доколку би била обединета, би била поголема од следниве европски земји: Швајцарија, која има 41,285 км2, Белгија – 30.528км2. Холандија 41.526 км2, Данска – 43.075 км2, Естонија – 43.432 км2, Литванија – 65.200 км2, Латвија 64.589 км2, Словачка – 49.035 км2, Албанија – 28.748 км2, Луксембург – 2.586 квадратни километри. Некои од наведените државички имале население незначително побројно од тоа на Македонија, додека кај други населението било помалобројно. Во 1912 година Македонија имаше околу 2,5 милиони население. Од нив околу 1.200.000 биле Македонци, Грци имало околу 190.000, Албанци околу 160.000 и други. Грцитe најмногу живееле во приморските градови и до 1922 година, останува истата бројка, а дури потоа нивниот број се зголемува со доселување на Грци од Турција и Бугарија во Егејскиот дел на Македонија. Голем дел од европските и балканските земји воопшто ги немаа економските можности што ги имаше Македонија, ниту пак ја имаа нејзината важна географска положба. Иако за голем дел од овие земји се тврдело дека не би можеле да опстанат како самостојни држави, сите тие станаа самостојни, независни држави, а голем дел денес се членки на ЕУ и НАТО. За разлика од нив, Македонија доколку не беше поделена ги имаше сите предуслови да стане една од најзначајните држави не само на Балканот туку и во Европа. Повеќе од еден век владее уверување кај македонскиот народ дека територијата на Македонија е поделена бидејќи е раскрсница на патиштата кои го поврзуваат исток и запад, север и југ. Исто така, владееше уверување дека правдата кога тогаш ќе стигне. Но, наместо правда, денес, еден век потоа, кога има бројни патишта по земја, вода и воздух, Македонија повторно се најде на линија на огнот меѓу Истокот и Западот и повторно се зборува за поделба на единственото парче слободна територија Република Македонија која го опфаќа северниот и централниот дел на географска Македонија. Во тој конфликт, Македонецот е донесен пред тешко искушение. Денес, од него се бара да излезе на референдум за да гласа за промена на името на државата, ако сака да влезе во НАТО и ЕУ. Истовремено, се заплашува дека Албанците ќе бараат да се отцепат доколку референдумот биде неуспешен. Очигледно е дека сето ова се води во контекст на преговорите меѓу Белград и Приштина, каде се разговара за размена на територии – Северно Косово за Прешевската долина. Иако страните кои се договараат велат, дека нема тука место за стравување, Македонија по се изгледа повторно е монета за поткусурување. Жалостен е фактот дека македонскиот народ кој толку многу му дал на светот и кој толку многу страдал во историјата, иако секогаш на страна на правдата, и денес е изложен на понижување и уценување од НАТО и ЕУ. Во немање на достојни челници во власта кои знаат да ги бранат интересите на Македонците, македонскиот народ мора да ги преземе работите во свои раце и на мирен начин да го спречи разнебитувањето на Македонија, односно да го бојкотира референдумот. |