|
|
Тоа што Русија не смее да и го прави на САД, не важи и за Вашингтон во Македонија |
Во последната деценија американските медиуми паралелно со политиката на САД вршат немилосрдна демонизација на Путин, а по изборот на Трамп за претседател, тие го обвинија него и Русија за недозволено мешање во претседателските избори на САД. Меѓутоа, тоа што Русија не смее да и го прави на САД, не важи и за Вашингтон во Македдонија. Убедени дека промената на името и Уставот тешко ќе помине кај македонскиот народ, актуелната марионетска власт и преставниците на меѓународната заедница во земјата преземаат низа активности надвор од законските рамки. Се служат со закани, уцени и т.н. Американскиот амбасадор Џес Бејли и амбасадорите на земјите членки на ЕУ во текот на месец септември ќе одат по општините на средби со граѓаните на кои со презентирање на придобивките од членството на Македонија во ЕУ и НАТО треба да ги убедат Македонците да излезат на референдум и да гласаат за промена на името и идентитетот. Тука сме за да работиме заедно и да ја подобриме состојбата во државата. Ова е пораката која евроамбасадорот Самуел Жбогар планира да им ја пренесе на граѓаните во следните неколку недели во пресрет на референдумот. Наскоро ќе дојдела во посета Ангела Меркел во функција на референдумот закажан за 30-ти септември. Со цел да има успешен референдум, ЕУ и САД имаат издвоено поголеми суми средства, а ЕУ во својата кампања ќе им ветува и 150 милиони евра помош за општините во Македонија во наредните четири години. Со европски пари, странските преставници во земјата отворено учествуваат во кампањата, што преставува мешање во внатрешните работи на државата. Но, она што е уште поскандалозно, не е тоа што дома кај нас не сакаат да ни го изговарат македонското име, идентитет и јазик, туку што овие преставници му даваат лажни ветувања на народот, само да си го промени името и идентитетот. Тоа е спротивно од она што САД и ЕУ постојано го говорат за демократија и владеењето на правото. На почетокот на кампањата, од Бејли се слушаат пораки од типот дека младите треба „да ја зграпчат приликата и да станат иднина на ЕУ и на НАТО. Исто така дека многу битно било да излезат и да гласаат на референдумот и да ја кажат својата демократска одлука... оти како членки на НАТО и ЕУ, земјата ќе ја има слободата, ќе има развој на бизнисот. Само по себе се наметнува прашањето дали Македонија денес е слободна држава или има поставен губернатор во името на американскиот амбасадор Бејли? Ако ова се случува во некоја друга земја, некој отворено да го лаже народот, без разлика дали доаѓа од преставници на САД и ЕУ или друга земја, сугурно дека веднаш би бил протеран како непожелна личност во земјата. Но, во нашата земја наместо да се протераат, луѓето кои активно работат против интересите на македонската држава се добродојдени. Меѓутоа, мора да се истакне дека и покрај заедничкото делување, ни ЕУ, ни НАТО, ниту власта на Заев, не можат на македонскиот народ да му ја продадат приказната, дека ако го сменат името и идентитетот, набргу ќе ги чека ЕУ и НАТО, каде што „тече мед и млеко“. Соочена со фактот дека народот сака во ЕУ и НАТО, но без да го промени името и Уставот на земјата, актуелната власт со своите странски поддржувачи го насочи своето внимание кон Собранието.Така референдумот сега станува консултативен, а пратениците можат да добијат по 11 илјади евра доколку водат кампања за спроведување на референдумот, без разлика дали се за или против. Во Собранието е потребно да се обезбедат две третини од пратениците за да може да доде до промена на Уставот и името. Најголем проблем ќе бидат македонските парламентарци, без разлика од која партија припаѓаат, бидејќи еден дел од немакедонските парламентарци промената на името и уставот ќе го прифатат. Тоа значи дека македонските пратеници ќе бидат изложени на огромни притисоци, уцени и закани. Меѓутоа, сега е време кога македонскиот народ и нивните пратеници во Собранието на Република Македонија треба да станат и да му кажат на САД и ЕУ: Ние сме за ЕУ и НАТО, но не сме за промена на името и уставот. Доколку САД, ЕУ не‘ почитуваат, доколку го почитуваат меѓународното право и демократија, тогаш нека ја примат државата на македонскиот народ под уставно име, а Македонците со македонски идентитет и со македонски јазик. Најголемиот дел од македонскиот народ свесен за последиците од овој референдум, без разлика на Бејли, Жбогар и другите европски амбасадори е решен да го бојкотира, бидејќи некои прашања не заслужуваат одговор. |