|
|
ДОСТА НЕ‘ ЛАЖЕТЕ ! |
До кога треба да се толерираат оние кои упорно работат на тоа да нè нема, да ни го срушат достоинството, гордоста и најлошо од сè со своите глупости да и` го валкаат името, идентитетот и јазикот на нашата Македонија. Да не дозволиме да направат уште еден геноцид врз Македонците. И покрај заедничкото делување, ни ЕУ, ни НАТО, ниту власта на Заев, не можат на македонскиот народ да му ја продадат приказната, дека ако го сменат името и идентитетот, набргу ќе ги чека ЕУ и НАТО, каде што „тече мед и млеко“. Мора сложно да им кажеме: ДОСТА НЕ‘ ЛАЖЕТЕ ! Сега е време кога македонскиот народ и нивните пратеници во Собранието на Република Македонија треба да станат и да му кажат на САД и ЕУ: Ние сме за ЕУ и НАТО, но не сме за промена на името и уставот. Дојде часот кога секој Македонец треба да застане во првите редови во одбрана на името, идентитетот, јазикот, во одбрана на демократијата, за да ја зачуваме слободата и да не станеме граѓани од втор ред во својата земја. Затоа, кренете глава Македонци гордо високо, бидете храбри, паметни и разумни но во исто време патриотски расположени и сакајте си ја Македонија, бидејќи друга татковина немаме! Ве повикувам сите Вас, кои си ја сакате Македонија: Бојкотирајте го референдумот за да ја спасиме Македонија. БОЈКОТИРАМ за доброто на нашата Македонија!
|