|
|
РЕКУ МЕТОД на ПРЕГОВОРИ или “РАЗГОВОРИ” само се понижуваме |
Проф.Др.Игор Јанев ВМРО мора да ја прифати тезата дека со преговорите за ИМЕТО, без разлика на форматот и содржината НЕ МОЖЕ да се постигне никаков валиден Договор за ИМЕТО со друга држава! Аргументите на ВМРО дека : 1. НИЕ од ВМРО би постигнале ПОДОБАР Договор!, или пример 2.НИЕ од ВМРО не би допуштиле erga omnes или идентитетските промени!, НЕ СЕ СЕРИОЗНИ АРГУМЕНТИ! НЕ се воопшто АРГУМЕНТИ! ПРЕКУ МЕТОД на ПРЕГОВОРИ или “РАЗГОВОРИ” само се понижуваме и покажуваме дека НЕ ЗНАЕМЕ за факт дека во ООН сме примени под дополнителните НЕЛЕГАЛНИ приемни Услови односно дека ние НЕ ЗНАЕМЕ оти проблематизирање на сопственото ИМЕ како државно-правен идентитет е НЕЛЕГАЛНО! НЕ е НИТУ МОРАЛНО! За овие категории не се разговара или преговара! “РАЗГОВОРИ” за државно-правен идентитет се по дефиниција ПРЕГОВОРИ за НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ и никогаш таквите НЕ ДОНЕСУВААТ РЕШЕНИЕ КОЕ Е ДОСТОИНСТВЕНО! Имено, во еден таков „спор” или тн. „разлика” се ПРОБЛЕМАТИЗИРА како правило НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ, а овој е кај суверените држави ius cogens ЗАШТИТЕН! Киро Глигоров во 1994 не беше свесен дека со рез. 817. на СБ на ООН започнува ИДЕНТИТЕТСКИ ГЕНОЦИД! Проблемот е во рез. 817 , 845 на СБ, и 47-225 на -ГС на ООН, те. УЛТРА ВИРЕС акти. ВМРО треба да знае дека ПРЕГОВОРИ за НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ немаат решение. ПРЕГОВОРИ за државно-правен идентитет, по дефиниција ИМЕТО исто така немаат решение.Затоа, НЕ СЕ СЕРИОЗНИ АРГУМЕНТИ од типот НИЕ од ВМРО би постигнале ПОДОБАР Договор, бидејќи со оној кои не ти го признава НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ или ДРЖАВНО/ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ не се прави, НИТУ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ДОГОВОР ИЛИ СПОГОДБА ЗА ИДЕНТИТЕТ! Ова е JUS COGENS! |