Вторник, 25 Септември 2018   
Македонија „ласт минут“
Македонија „ласт минут“

За граѓаните на Република Македонија не е доцна ни сега да го запаметат секој детаљ од оваа последна предреферендумска седмица, за евентуално ако некогаш бидат на цена мемоари од типот – животот на последните Македонци. Ако до пред некоја година таквите наслови на драми, романи, театарски и филмски адаптации беа третирани како футуристичка литературна фикција, реални се можностите оние што имаат литературни амбиции своите спомени од времето пред 30 септември 2018, таквата насловна конструкција да си ја употребат за мемоарите.

Навистина, како многупати порано во историјата на Република Македонија, пропуштена е шансата за вонредна заработувачка од туристички аранжмани од типот „Македонија ласт минут“ или „последниот викенд во Република Македонија“, зашто претстојниот викенд сепак ќе биде референдумски! Преокупирани со политичките перспективи и последици од (не)успешноста на референдумот, последниот викенд без додавка Република Македонија го потроши за пораките на поддршка и бојкот што дојдоа од далечина – на претседателот Ѓорге Иванов од Детроит (САД) и на францускиот претседател Емануел Макрон, преку видеопорака од Париз.

И покрај тоа што Уставот и законите гарантираат и инсистираат на тајност при изјаснувањето на гласачите во изборни и референдумски процеси во демократски структурирани општества, во ова предреференумско време на живеење во Македонија се чини дека голем е бројот на оние што гласно и јавно ја искажуваат својата одлука за прашањето што ќе биде поставено на ливчето за гласање на 30 септември: Дали сте за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција? Некои својот избор го декларираат дури и како дел од собраниската (или владината) кампања за успех на референдумот, за што, според редот на нештата, би требало да добијат и хонорар за својот ангажман и потрошено време. Другите, пак, кои велат дека во услови кога организаторот на референдумот (Собранието или Владата) ги поставува правилата на игра така што секаков одговор да води кон успех, единствен еквивалент на одговорот „против“ е „бојкотирам“, тврдат дека само со неизлегување на референдумот на 30 септември ќе се докаже неуспешноста на целиот т.н. проект Северна Македонија. Третите, од опозицијата, велат изјаснете се како сакате, ама ние сакаме да одговараме на прашањата едно по едно, а не одеднаш… Како ќе постапиме, ќе видите на 30 септември – загадочно „намигнуваат“ оние што велат „изјаснете се како сакате“…

Во меѓувреме оние што со заедничко име се нарекуваат „меѓународен фактор“, а Македонија ја нарекуваат „втората страна“ или „вашата земја“, го тестираат капацитетот за прием на ВИП-посетители на Меѓународниот аеродром Скопје (а и на владиниот протокол), снимаат видеоспотови… во кои поентата на крајот се сведува на – изборот е ваш, ама иднината со нас може да се случи само под „северниот“ услов.
Како што се намалуваат деновите до референдумот, извесно е дека ќе станат погласни ветувањата за евроатлантските перспективи на Европска Македонија (во неодредено време), а „погласно“ ќе се премолчуваат уставните промени со кои ќе се дојде до Северна Македонија. Треба да се очекува дека до изборниот молк в петок на полноќ (28 септември) оние што јавно се изјаснуваат за опцијата „бојкотирам“ ќе се потрудат да ги демантираат ветувањата и очекувањата на оние што се за Северна Македонија, а ја нарекуваат европска. Можеби уште некој европски и американски функционер или политичар нема да ни сугерира како да се изјасниме на референдумот, но ќе нагласи дека ќе ги отвори вратите само за „северниот излез“…

Во секој случај, според референдумските активисти, иднината ни е извесна: или од 1 октомври 2018 ќе се случи апокалипсата на Македонија, или ќе се отворат вратите на рајот за Северна Македонија. Парадоксално, но се чини дека она што е најнеизвесно во референдумот што ќе се одржи на 30 септември е минатото на Македонија. Непознато е дали во постреферендумска Македонија треба да тргнеме со некаков (рачен) багаж, да доплатиме за поголем куфер, или сѐ ќе си купиме таму, ново во иднината – ерга омнес, од четкичка за заби до нова документација? Навистина, на референдумските билборди стои дека идентитетот и јазикот ни се зачувани со спогодбата од Мала Преспа, но, според истата спогодба, во иднината сѐ е подложно на толкување и на ревизија што потекнува од минатото на втората страна…

Покрај целосно поларизираните референдумски наративи во контекст за целосно „за“ за комплексното референдумско прашање и ерга омнес-бојкот, се јавуваат и некои меѓуфазни гледишта, од типот „спогодбата од Мала Преспа не е совршена, но Македонија не ја бива без ЕУ и НАТО“. Како решение за таквата референдумска дилема, носителите на ваквото согледување на перспективите на Македонија јавно се изјаснуваат за опцијата „за“. Притоа, ноторно индикативно е што оние што настапуваат со логиката „не нѐ бива“ биле на најводечките позиции во текот на овие 27 години, се чини „украдена“ независност на Република Македонија. За да биде уште понелогичен парадоксот, тие лидери биле директни противници на политичката сцена. А за сѐ да биде во духот на животна сатира, Државната изборна комисија објасни дека за влез во ЕУ повторно ќе има референдум, кога ќе дојде време. Сегашново споменување на ЕУ и НАТО во референдумското прашање било само за објаснување на причината за постоењето на спогодбата од Мала Преспа…

Се чини дека резултатите од референдумот на 30 септември се ирелевантни од неколку причини. Прво, затоа што со тоа што е консултативен, цензусот е ирелевантен. А понатаму, каква и да е одлуката, на крајот за уставните промени предвидени со спогодбата од Мала Преспа ќе се одлучува во Собранието на Република Македонија, а потоа и во парламентот на Грција. Сепак, останува уште малку време за аранжмани „Македонија ласт минут“.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/nas-stav/%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bb%d0%b0%d1%81%d1%82-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d1%83%d1%82/

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.