Четврток, 27 Септември 2018   
Македонците во најголем дел се за ЕУ и НАТО, но никако не се за промена на името

svekrva1Свекрва

Ако во минатото (Сан Стефано 1878 г, Берлинскиот конгрес во 1878 г, Букурешкиот договор 1913 г. и Мировната конференција во Париз 1919 г) македонскиот народ немал можност самиот да одлучува за својата иднина, денес во својата држава има можност со бојкот на наметнатиот референдум за промена на името, спонзориран од големите сили, на Европа да и каже дека македонски народ постои и никој не може да го избрише од картата на светот.

Според агендата на сегашната власт, по референдумот треба да дојде до промена на Уставот, со што името на државата би се преименувало во Република Северна Македонија за севкупна употреба, а македонски народ би се изгубил од преамбулата и меѓународната сцена и неговото културно наследство би го приграбил некој друг. Но за да ја спроведе нарачката на центрите на моќ, владеачката коалиција предводена од Зоран Заев ја нема ниту подршката на народот, ниту потребното мнозинство во македонскиот парламент.

Свесни дека ја немаат подршката на македонскиот народ, а контролираните малцинства се недоволни за успешем референдум, актуелната власт и меѓународната заедница последните денови води засилена кампања. Така, во Скопје дојдоа скоро сите големи имиња на западната политика, вклучувајќи ги австрискиот канцелар Себастијан Курц, германската канцеларка Ангела Меркел, шефот на НАТО Јанс Столтенберг, американскиот министер за одбрана Џејмс Матис и други. Сите тие го убедуваат македонскиот народ дека треба да излезе на референдум и да го прифати името Северна Македонија ако сака да влезе во ЕУ и НАТО.

Во пресрет на референдумот, дури и францускиот претседател Емануел Макрон им се обрати на македонските граѓани со видео порака во која му порачува на македонскиот народ да го смени името во Северна Македонија. Вакви пораки, кои преставуваат мешање во внатрешните работи на земјата, доаѓаат и од други европски политичари, но и закани од разни агенции и аналитичари, како домашни така и странски.

Меѓутоа, ваквата валкана кампања во која македонскиот народ се заплашува со војна и отцепување на Албанците, како и тое дека Русите доаѓаат и дека се мешаат во внатрешните работи веќе никого не може да го заплаши. Ниту Албанците скаат да се борат за нивните корумпирани политичари, ниту пак преставници на Руската федерација секојдневно доаѓаат во Скопје за да влијаат врз македонскиот народ како да гласа.

Додека сите релевантни западни политичари ја обвинуваат Москва, од таму има многу малку коментари по повод референдумот или речисе и да нема. А замислете што би се случило доколку Путин дојде во Скопје и каже дека македонскиот народ ќе погреши доколку го смени името. Сигурно Западот би збеснал.

Сепак на македонскиот народ не му треба никој да му кажува што треба да направи, бидејќи тој веќе еднаш се изјаснил на 8 септември 1991 година.

Имено, во Уставот на Република Македонија стои дека во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ, на Референдумот од 8 септември 1991 година, граѓаните одлучија да се конституира Република Македонија како самостојна, суверена држава, на македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро.

Стекнатите придобивки во минатото, изразени во Уставот, сегашната власт со помош на центрите на моќ сака да му ги одземе на македонскиот народ. Така сега, 27 години по Референдумот од 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија повторно треба да излезат на референдум и да гласаат на трик прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Спогодбата меѓу Република Македонија и Република Грција.“

Македонците во најголем дел се за ЕУ и НАТО, но никако не се за промена на името.

Претседател Ѓорѓи Иванов, преставници на македонската црква и македонскиот народ ќе го бојкотираат престојниот референдум.

Влегувањето во ЕУ и НАТО треба да биде достоинствено и чесно, без оцрнет образ. Тоа не треба да биде за торба пари, туку за вредности, како што е човековото право, моралот и етиката.

Па зарем вреди да се смени уставното име, идентитетот и да се откажете од културното наследство само за да се влезе во сојуз каде што не се почитува основното човеково право на самоопределување?

Се додека не се измени односот на ЕУ и НАТО кон Македонија, се додека не завладее правото, македонскиот народ не треба да се откаже од борбата за зачувување на името, идентитетот и јазикот.

Бојкотот на референдумот е само една од формите на борба за опстанокот на македонскиот народ и држава.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.