Четврток, 27 Септември 2018   
Колумна на Слободан Томиќ: ИВАНОВ СО ШАХ МАТ МЕЃУ ВАШИНГТОН И МОСКВА!

slobodan

Колумна на Слободан Томиќ: ИВАНОВ СО ШАХ МАТ МЕЃУ ВАШИНГТОН И МОСКВА!

Велат шахот е игра на умот. Кој ја владее црно-белата табла, тој е кралот на играта. Има играчи кои знаат да ја жртвуваат и кралицата за да ја спасат партијата. Впрочем, Балканот отсекогаш бил “шаховска табла“, затоа што тука со нас и меѓу нас големите ги играле најтешките игри. Ние секогаш сме биле пионите, на табла или под маса.
Познатиот стратег на американската геополитика, пољакот Збигњев Бжежински, уште во книгата “Големата шаховска табла: Американскиот примат и геополитичките цели“ објавена 1997 година во САД, развил доктрина за дестабилизација на Советскиот Сојуз. Се разбира, во битката или војната меѓу големите, страдаат пионите или “таблата“. Истото се случува и со Македонија, имајќи ја предвид кризата во која се наоѓаме денес. Во центарот на Македонија, главниот град Скопје, првиот човек на британската влада Тереза Меј дојде и смело упати порака дека сака да го елиминира руското влијание на Балканот. За успех на таа и таква политика, секако важна е асистенцијата и сервилноста на актуелната Македонска марионетска влада, која самите ја востоличија со контролирана нестабилност и дестабилизација. Би рекле, Обединетото Кралство и САД и’ објавија војна на Русија од Република Македонија. Но, како сета таа игра ќе финишира?
Своевремно во 1941 година и владата на Цветковиќ и Мачек, на најпонизен и најсервилен начин се фрли во прегратките и скутот на Фирерот и Рајхот, придружувајќи му се во коалиција за освојување на светот. Од оваа историја, нема бегање, пред фактите и боговите молчат. Се прашувам, што ќе пишува во нашите историски читанки после 70 години: Кој со кого и против кого?
Во изминатите 27 години од независноста на Република Македонија поминаа многу политичари, влади и аналитичари. Република Македонија го задржа името и идентитетот! Но, овојпат имаме поединци кои дефинитивно решиле да ги избришат името и идентитетот од колективната меморија на Македонците. И покрај се’ и после се’, Македонците живееле на овие простори, живеат и денес, истото и утре ќе го чинат.
Убаво е да си дел од некое високо друштво или од големото доброутро. Но, и за таму треба достоинство, самоопределување и самоидентификација. Македонците се самоидентификуваат како Македонци од памтивека до денес. Тогаш, кој е тој што тоа право им го брани?
Секако, не треба да се критикува по секоја цена иницијатива за добар и просперитетен живот за секој Македонец, а која доаѓа од преставниците на власта или на народот. Но, исто така, секоја таква, добронамерна иницијатива за просперитетен живот за секој Македонец, каде и да е на планетата треба да се презентира, отворено и чесно.
Така е и тоа со клучот од затворената кутија или падорината кутија каде беше сместен во изминатите 27 години наметнатиот спор со нашиот јужен сосед, а тоа е името.
Донесениот документ познат како Преспански документ, кој за мнозинскиот дел од Македонскиот народ, е контроверзен и кој според народот е донесен на начин кој не наликува на достоинствен или народски толкуван ‘шверцерски’, ќе предизвика атрополошки геноцид на македонската мемориска карта.
Авторите и креаторите на овој документ Заев-Димитров ветија дека ќе го обелоденат и објаснат најискрено секој член од договорот со што народецот со песна и радост да излезат на денот на верата, љубовта и надежта, на 30 септември и го заокружат и едното и второто прашање и пажа во вода бидејќи народот реши да му каже едносгласно на светот НЕ! или Бојкотирам! Тоа е најдемократско нели?
Од друга страна, почитуваниот аналитичар проф.д-р Љупчо Ристевски со став:… “од овој момент сметајте дека во преамбулата се брише терминологијата “Македонски народ“ и во членот 36, исто така, и се внесува само треминот “Македонци“. Значи, во преамбулата ќе стои промена, Граѓаните на Република Северна Македонија, Македонци, Албанци, Турци и т.н. по ред сите останати…ис такнува професор Ристевски.
Со ова Македонскиот народ се брише од државотворен народ на Република Македонија, неговата државност се разводнува со сите останати, државата го губи титуларот во име и за сметка на Македонскиот народ и со тоа Македонија станува територија – сечија и ничија, без титулар, како општествената сопственост ќе постане предмет на бескруполозно асимилирање и разграбување од екстремите мршојадcи од внатре и од соседството.
Од овој момент, на неколку часа пред референдумот, со тврдоглаво необјавени амандмански интервенции во Уставот на државата, БОЈКОТ и НЕИЗЛЕГУВАЊЕ НА ГЛАСАЊЕ на 30 Септември е ЛЕГИТИМНА ОПЦИЈА за секој добронамерен и чесен Македонец, додава Ристовски
Не дозволувајте било кој да ве лаже и замајува, ИМА ИЗЛЕЗ, И ТОА ИЗЛЕЗИШТЕ... Со пропаѓање на референдумот и процесот ништо не е изгубено, напротив, нацијата ќе се сплоти, се труло, криминогено и вазалско ќе биде фрлено на буниште надвор од политиката, а стамени МАКЕДОНЦИ ќе си ја фатат работата со ред, на нови избори кои веднаш потоа ќе мора да бидат организирани.
Оставете ги тие апокалиптични сценарија на Хан, тоа се прикаски за мали деца. Ниту ќе ни ја затворат вратата после, ниту било што… Напротив, се’ ќе биде поинаку, оти ќе сфатат дека овде живеат стамени Македонци, горди и достоинствени и ќе почнат да не’ ценат повеќе, сите, и соседите и секој во светот.
Македонскиот народ ќе одговори со пркос, со инает и достоинствено, ќе покаже и докаже кој е и како изгледа македонскиот гениј кој не одржал од памтивек.
ГОРДО И ДОСТОИНСТВЕНО, СО ВЕРА И БОГА ВО СРЦЕТО!
Секако вознемирува отсуството на самодобрана, самоидентификација и тенденцијата на бришење на македонскиот код од земјината топка? И, има ли излез од овој срам и резил? Би рекле да, има, тоа е човекот татко на нацијата, тоа е проф.д-р Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија!
По којзнае кој пат му се упатува пораката, дека во овој момент тој е единствениот што треба да ја изврши и заврши светата мисија за спас на Македонците и Македонија, со сиот Божји благослов и петгодишен мандат од непосредните избори.
Во него веруваме, бидејќи во изминатите години имаше храброст да упати остри пораки кон сите кои се дрзнаа да ги избришат Македонците од картата на народите и Македонија од картата на светот… како и јазикот Македонски од графата на јазиците.
Да бидат срамот и резилот поголеми, сами се отепавме и изрезиливме, сами отидовме на бесилка, сами си го ставивме јажето околу вратот. Тоа го потврди и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, кој вели никој од нас не побара ерга омнес за името, новото име и за домашна употреба! Кратко јасно и директно во чело!
Да се вратам повторно на играта на умот – шахот! Дали проф.д-р Ѓорге Иванов со обраќањето на септемвриското заседание на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации, конечно, ќе се обрати пред светската асамблеја и Генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации Гутареш, со барање од Македонскиот народ и Република Македонија: Спогодбата Димитров-Коѕиас е ништовна и не важи и со предлог Резолуцијата за продолжување на членството на државата Македонија во Организацијата на Обединетите Нации под државното име Македонија! Токму тоа ќе биде последниот решавачки чекор со што Иванов конечно ќе го зададе последниот удар – шах мат за крај на партијата на големите со нас и меѓу нас тука, во Македонија и на Балканот!
Книгата “Големата шаховска табла: Американскиот примат и геополитичките цели“, на Збигњев Бжежински, објавена во 1997 година, кога тој бил советник за национална безбедност на претседателот Џими Картер, започнува со човековите права. Но, при промоцијата на книгата во Париз, тој лаконски вели: “Сработив доктрина за дестабилизација на Советскиот Сојуз.“ Во францускиот неделник “le Nuvel Observator”, се потврдува изјавата на Бжежински дека со американската поддршка на САД за муџахедините, вешто се навлекува Москва во воена авантура во Авганистан, од која стапица враќање назад нема. Со Косово, се навлече распадот на Југославија. Сите овие се игри на САД, во борбата против Русија во светот. И покрај Трамп, таа битка “дип стејт“ од САД ја води во светот и денес.
Дали македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе оддолее на големата игра на шаховската табла меѓу Вашингтон и Москва, за спас на Македонската држава и нација, ќе покаже времето. Судбината и иднината на Македонија и на Македонците е во претседателските раце! Претседателе Иванов, со наклон, повелете…

Пишува Слободан ТОМИЌ

Скопје, 27 септеври 2018 година – СВЕСТ.мк

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.