Среда, 10 Октомври 2018   
ИЗНОГУД

iznogud

Мирко Трпески

Текстов никако не смее да се сфати како нешто против СДСМ. На авторот на овој текст матична партија сепак му била Сојуз на комунисти на Македонија, а сега е речиси аполитичен, колку што во сегашна Република Македонија може да се биде аполитичен.

Постои еден многу популарен стрип кој со години се читал и се чита. Зборува за везир на калифот. Калифот е многу добар, дебел човек кој има голема доверба во својот везир. Везирот е слаб, испиен, нервозен човек, нашите соседи Србите би го нарекле прзница. Се вика ИЗНОГУД. Името за шега е изведено од Англиските зборови Is no good, што на Македонски би се превело како Не е добар. Е, овој Изногуд во сите епизоди на стрипот прави се’ да постане Калиф наместо калифот, но никако не му успева и на крајот од секоја епизода постанува насанкан.

Се чини дека и Република Македонија има таков, односно таква, чија единствена желба и цел е да постане калиф наместо калифот. Може да се претпостави на кого се однесува. Таа прави се’ да постане калиф, но никако не и’ успева. Своите методи ги применуваше уште од времето на Бранко Црвенковски, но и во времето на неговите наследници. Кратко време беше и калиф, но тоа кратко време е запаметено како неуспешно за партијата. Сега е Заменик на сегашниов калиф. Ако се анализираат нејзините методи на дејствување ќе се види дека ги применувала и ги применува сличните методи како Изногуд во стрипот. Затоа и не и’ се успешни. Затоа го заслужува името Изногуд. Во стрипот Изногуд не применува ништо што е добро и позитивно за народот кој калифот го води, туку применува медоти и средства што треба да доведат до тоа тој да постане калиф. За жал, од тие нејзини постапки губи Република Македонија, губи народот, губи угледот на земјата.

Интересно е што агресивна, како и Изногуд од стрипот, е и кога нејзината партија е на власт, но и особено кога е во опозиција. Тие нејзини агресивни и ненародски ставови внесуваат само немир, несигурност, замразување на блискиот и негово губење, бесперспективност, негледање на позитивните работи што му се случуваат во неговата земја, но и во околината, а се однесуваат на неговата земја, прифаќање на општиот став дека неговата земја е лоша и без перспектива ... Ова, меѓу другото, доведува и до иселување на населението, особено на младите.

Логично се поставува прашањето дали таа ги креира ставовите на нејзината партија, кои честопати се против народот? Се чини дека нашата Изногуд нема особени контакти со тој народ. Веројатно живее во облаци и во квазибогато опкружување па не е свесна дека кај нашиот народ нејзините ставови не поминуваат, не му се блиски, затоа што народот богатството не го гледа само како пари и материјален имот, туку и како духовно и душевно богатство, имање пријатели, имање некој со кого може да се сподели и добро и помалку добро, приземни работи како добра ракија со мезе, но изгледа основно му е сакањето на својата земја. Треба ли повеќе потврда за последново сакање на својата земја од резултатите на референдумот? НЕ.

Да не зборуваме повеќе. Подобро е да предложиме нашиот Изногуд да се свести, да сфати дека е неуспешен политичар кој знае да шири само дефетизам и лоша крв - И ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛИТИКАТА. Значи, да ја ослободи од нејзините стеги-клешти и својата партија, и нејзините членови, особено калифот, оттука и цела Република Македонија. Потоа да се обиде да научи да направи барем нешто добро за себе и за својата околина и да научи дека манџа се прави со вода, како што прави народот. Ако сеуште не сака да се повлече, би било добро на тоа да ја натераат тие што ја внеле во политиката. А може да се претпостави дека ја имаат повлечено колегите од Електротехничкиот факултет, од кои некои постанаа навистина успешни политичари. Ако и тоа не успее, би било добро од политиката да ја отстранат нејзините сопартијци.

П.С. Кога СДСМ се вселуваше во зградата на Бихаќка бр. 10 (адресата сега е поинаква, но сите ја знаат како Бихаќка), им беше укажано дека во таа зграда има духови. Таа зграда е градена на старите Скопски гробишта и таму во двориштето сеуште има коски, черепи, надгробни плочи. Се случува на полноќ и една минута да чукне нешто и да започне тивко шепотење што трае до првите петли. Навечер се има чувство дека нешто протрчува низ објектот.

И најинтересното, како кој ќе се вработи во таа зграда, наскоро му починува постар член на неговото семејство. Може да се заклучи дека на СДСМ не му оди откако е во таа зграда - и веројатно нема да му оди, оттука и на Република Македонија.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.