|
|
БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА - ВРЕМЕ ЗА КОНТРАОФАНЗИВА |
БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА - ВРЕМЕ ЗА КОНТРАОФАНЗИВА Република Македонија неколку години е под офанзива на сили кои не и’ мислат добро. Ова не е само вообичаена фраза туку вистина. Поради ваквата офанзива, на пример, и’ се случуваше Шарената револуција (сега гледаме колку била револуција), одлагања на избори, лаги за огромните кражби на претставници на ВМРО-ДПМНЕ, укинување на дневни весници, умртвување на телевизиски станици и борба против вистината, финансирање на нови весници што ќе пласираат и пласираат лаги и невистини заради замајување на народот, незаконски прислушувања, обвинување на членови на само една политичка партија по основ на таквите незаконски прислушувања (што е правен, но и политички нонсенс; такво нешто во Германија го потоморија за три дена), притисок врз Претседателот на Републиката, поставување однадвор на Влада и Претседател на Собрание, притвор и судење на докажани партиоти, а ослободување на судени прекршители на законот, газење на Уставот и законите преку спроведување на незаконски дела што им одговараат на притискачите, запирање на инвестициите, а во истовреме одлив на огромни средства од државата, но и од општините (ова е издржана претпоставка врз основа на тоа што се прават постојани задолжувања на државата дома и во странство, приходите во Буџетот на државата и на општините не се намалени, а не се гледа каде се вложени, односно каде одат средствата), склучување на антидржавен договор со Бугарија, обид за подметнување на антимакедонски договор (или што друго е) со Грција, прогласување за успешен реферндум кого самото тело за избори, организатор на референдумот, го прогласи за неуспешен, притисоци врз пратеници од една политичка партија да попуштат и да прифатат примена на уставните промени со кои се брише или подобро, се уништува многу нешто што претставува белег на еден народ, вклучувајќи го и Македонскиот. Сево ова цело време е проследено со морален, психички, но и физички притисок и терор врз населението (особено врз вработените во “државните“ институцџи поради тоа што не излегле на гласањето), што придонесе за втерување на страв кај населението од притисоци и последици. Но, еве едно НО: трпењето на притисоците има крај. Можноста за крај населението го виде во неизлегувањето на гласање на референдумот. Значи, ова неизлегување е пресвртна точка. Вака започнува да размислува, но и да зборува и дејствува обичното население - народот на Република Македонија, со кого владеачката партија очигледно не е во контакт и не ги знае неговите ставови. Тоа население се’ повеќе се прашува: “До кога вака?“ Па, еве, до сега. Сега очигледно е време за преземање на контраофанзива од страна на политичките партии - старите и новооснованите, од интелигенцијата која очигледно застанала зад и со народот, и основно, од самиот народ. Деновиве се врши и се’ повеќе ќе се врши огромен легален и нелегален притисок врз пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да подлегнат и да прифатат промена на Уставот. Треба да знаат дека ако попуштат, ќе им се случи политичка деградација, но и тоа што му се случува на семејството на сегашниот Министер за надворешни работи. Ако, пак, не попуштат, ќе помогнат да се дојде до нови избори и да се искористи освестувањето на народот, па нивната партија, заедно со новооснованите политички партии да освојат мнозинство места во Собранието, со што се отвора патот за нешто ново во земјата. А тоа ново може да се насети од излагањата на Претседателот на нивната партија кој инсистира на нов Јавен обвинител, вистинска примена на правото, Уставот и законите, испитување на сите или најголемиот дел незаконитости, и тоа како на членови на поранешната политичка гарнитура, така и на сегашната, преиспитување на обвинувањата кон патриотите, и ОСОБЕНО, започнување на нов пристап кон економијата, творештвото, односот кон надворешните фактори и така натаму. Ова последново - односот кон и со надворешните фактори треба да претставува тоа што го прашуваат многумина: што ќе се случи ако референдумот не успее и БОЖЕМСКИ, ќе ни’ бидел скратен патот кон Европската Унија и НАТО. Ќе се случи ВТОР ЛИСАБОН. Заради потсетување, на првиот Лисабон од Република Македонија се бараше во името на државата да го нема зборот “Македонија“. Тогаш ние не потклекнавме и еве, досега го имаме тој збор во името на државата, но и на народот. Еве, и сега не потклекнавме, за што сведоштво е неуспешноста на референдумот. Тоа значи дека БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА. Во интерес на борбата треба на таа “меѓународна заедница“ да и’ се укаже на неколку работи:законодавството на земјата е речиси целосно усогласено со законодавството на Европската Унија,елемент за усогласување на земјата со ЕУ се економските напредоци што ги постигна годините пред наметнувањето на оваа власт однадвор,домашната статистика ги има деградирано своите квалитети па не може правилно да го оцени економскиот растеж во последните десетина години, што значи дека економските напредоци се уште поголеми од прикажуваните,вистината за врската на нас, сегашните Македонци и античките Македонци е скривана и искривувана од страна на Германски и Грчки квазинаучници. Новите резултати од научните истражувања низ цел свет, но и во Република Македонија на ова поле недвосмислено укажуваат дека ние, а не Грците сме наследниците на Македонците и со право ние, а не тие треба да го носиме тоа милениумско име. Еве неколку научни резултати: средниот текст на Каменот од Розета, пишуван барем двестотини години пред Христа во Египет во времето на Птоломеите, е пишуван на сегашен Македонски јазик, што значи дека ние не сме дојдени од зад Карпатите; со истото писмо се пишувани текстовите најдени од пред 6.000 години во Винча кај Белград; генетските истражувања на Меѓународниот институт за генетика од Мадрид-Шпанија укажуваат на генетска сличност на Грците со гените на племиња од Јужна Африка и од Етиопија; при ископувања на трасата на автопатот од Ниш до Скопје, на делот кај Врање се откриени антички гробови, некој направил генетска споредба на тогашните човечки остатоци со гените на сегашното тукашно население и утврдил дека се исти или идентични, па сега од тој крај се прашуваат колку е точна идејата дека ние сме дојдени од зад Карпатите; во оригиналната Илијада и Одисеја на Омер, пишувани пред доаѓањето на Грците на Балканот, постојат голем број наши зборови, а Грците ги имаат препевано текстовите за да внесат Грчки зборови (еве само еден пример: Грците немаат свој збор за Олимп, туку го имаат преземено нашиот збор Олип-олипано, постојано влажно, како што впрочем Олимп е постојано таков); многу вистина за античките Македонци има во емисиите на Телевизија Сонце, во книгите на д-р Петар Попоски, на покојната д-р Лидија Славеска, во научниот труд за Каменот од Розета, особено за средниот текст, кој, иако финансиран од МАНУ, сеуште не се смета за проект на Академијата (многу чудно, нели?), а еден од главните автори на истражувањето е Проф. д-р Аристотел Тентов; пред Владата на Република Македонија едно време имаше статуи од античко време на кои ликовите немаа речиси ништо заедничко со сегашните Грци, но имаа огромна сличност со нашите Егејци; во предворјето на Архивот на Македонија долги години беа изложени мапи на одделни делови на Егејска Македонија со процентуална застапеност на Македонци, Грци и други националности по општини пред Балканските војни, од каде се гледаше дека значително најбројно било населението од Македонска припадност ...,во интерес на некаков внатрешен мир, од одделни институции се истиснати Македонците, па нивниот збор не може да се чуе пред таа меѓународна заедница, односно и самите институции не ги застапуваат Македонските национални интереси, па странците се погрешно или недоволно запознаени со вистината и вистините за Македонија,има уште многу, но и ова е доволно. Значи, борбата продолжува. Нам и не ни’ е толку лошо како што цело време не’ убедуваат (доста земји-сегашни членки на Унијата би посакувале да го имаат статусот на Република Македонија во односите со Европската Унија и со НАТО, што значи дека и не треба толку да брзаме со влез во ЕУ и НАТО, односно имаме време да поведеме контраофанзива и да ја водиме битката за втор Лисабон. Мирко Трпески |