Среда, 17 Октомври 2018   
Македонскиот народ памети, не заборава, тоа значи ќе има сериозен одговор!

mane 5Манојил (Мане) Јаковлески

Проблемот на Европа можат да им го решат само национално обезличени, корумпирани и неодговорни раководства, кои прифаќаат да потпишат се` што ќе им се наложи, според претходно утврдено сценарио и преку претходно таргетирани без `рбетници.

Нивна цел беше и им успеа, со сила на власт донесоа гарнитура која ќе им овозможи лесно решавање на проблемот со името, а со тоа Македонците да го изгубат својот идентитет и да исчезнат од листата на народи.

Од осамостојувањето на земјата речиси да нема период кога СДС е на власт, а да не започне активности за разнебитување на македонскиот народ и држава.

Во нивните постапки нема трошка патриотизам, нема размислување за последиците кои ги предизвикуваат со своите постапки. Тоа се луѓе кои одамна се откажале од интересите на соспствената држава.

Тажно е што ова не допира ни до малиот мозок на елитата која е дел од потесното раководство на СДС.

Всушност се потврдија претпоставките дека со влегувањето на СДС во власта ќе создаде хаос и ќе биде спротивно од интересите на државата. Ни денес не се штедат средства за да се затвораат Македонци кои не сакаат да се откажат од своето име, јазик, идентитет.

И после неуспешниот Референдум не се штедат средства за да се “убедат“ Пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои не сакаат да се откажат од своето име, јазик, идентитет.

Обидот на сценаристите преку Зоран Заев да ловат во матно по неуспешниот Референдум иако добро извежбан од своите спонзори, сепак лошиот глумец, со серија грешки го покажа вистинското лице.

Таканаречените „бомби“, исконструирани прислушувани разговори, кои Зоран Заев ги пласира преку Катица Јанева и СЈО во јавноста, е со цел да се компромитира раководството на ВМРО-ДПМНЕ, како пред сопственото членство и домашната јавност, така и пред меѓународната заедница.

Ваквите неконсистетни ставови покажуваат дека лидерот на СДС Зоран Заев, не е сериозен политичар кој може да ги брани интересите на македонскиот народ и држава. Исто така, тие укажуваат дека тој работи исклучиво за свои лични интереси и дека во даден момент може да предизвика војна и поделба на земјата.

Македонскиот народ, кој добро ги познава слабостите, грешките, но и предностите на ВМРО-ДПМНЕ, на Реферндумот кој заврши негативно, му дадоа силен ветер на партиското раководство да истрае во одбраната на исконското библиско македонско име за кое во минатото загинаа илијадници Македонци.

Единствено во овој момент кој преставува пречка во распродажбата на националните интереси на државата е ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е голема партија со огромен потенцијал, која ќе го најде излезот од состојбата во која ја турка Зоран Заев и ќе ги одбрани интересите на македонскиот народ. Во тоа нема да ја спречат никакви маргинални платени политичарчиња и новинарчиња.

Имено, Македонцие знаат дека своите најголеми успеси ги доживува по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски како Премиер на РМ.

На народот им треба ВМРО ДПМНЕ, која има визија, знаење и умење да го води македонскиот брод низ немирното балканско море, чии бранови од разни сфери на влијание се судираат тука во Македонија.

Штетата која Заев ѝ ја прави на Македонија е огромна и за жал поради надворешна поддршка таа во моментов неможе да се санкционира.

Но ако тоа сега не може да го направи ВМРО-ДПМНЕ, многу брзо народот на идните избори ќе го казни Зоран Заев и неговата СДС.

Македонскиот народ памети, не заборава, тоа значи ќе има сериозен одговор!

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.