|
|
ВЛАДАТА МОЖЕ ДА СЕ СРУШИ СО ПАСИВНА АГРЕСИВНОСТ |
Владата на Република Македонија, со сите пратеници без разлика на која партија им припаѓаат, уште еднаш покажа колку е корумпирана, злобна, ништожна, скапана, ѓаволски напоенa со една цел само да ја уништи македонската држава и нација. Не беше доволно она народот што им препорача преку шовинистичко-нацистичкиот референдум дека не се сложува и не „наседнува“ на лагите и сопките за божемен влез во ЕУ и НАТО да се прифати договорот на уништување. Од капата со лаги (во еден мој претходен напис укажав дека Заев е патолошки лажго - значи се покажа дека мојата дијагноза е правилна), а сигурно се уште такви итроштини постојат припремени од советниците на ЕУ, ОН и НАТО а и Атињаните, со уцени, претање, мито и се други можни методи, се постигна нивната цел. Колку ниско човек може да падни, колку мизерно изгледа од страна и нај неупатениот да се запраша: по кој повод некој сака да ти го смени името и за што се прифаќа измена на уставот кога народот го кажа своето мислење дека подобро би умреле од глад него да влезат во некоја си мизерна Европа каде нема да те почитуваат како народ. Ех политичари, задоени од ѓаволот, не-Македонците ве исмејуваат, а пак Македонците плукаат на вас. Како пример, еве видовте во Австралија, според пописот од 2016 година, живеат над 100,000 Македонци, а само 10 лица отидоа на референдумот. Тоа ви кажува колку сте подржани од Дијаспората во Австралија. Немојте да се надевате дека Дијаспората некогаш ќе постане „северна“, ќе ја изгубите, но сигурно не се грижите за тоа оти ЕУ ќе ви даде евра за продажбата на вашите мајки и ќерки. Не се надевајте дека некој од Дијаспората ќе си ги обнови своите патни исправи за да станат „граѓанин“, или ја посетат „северната територија“ и не се надевајте дека како претставници на влада ќе дојдете на официјална посета во Австралија. Јас лично преку организациите во кои делувам ќе преземам иницијатива да ви се забрани секаков влез во Австралија, во спротивно ќе организираме национални протести и дури тогаш ќе се соочите како функционира западната демократија. А со ова им препорачувам на чесните Македонци во Република Македонија да излезат на пасивно-агресивни протести и го искажат незадоволството од политичкиот, легалниот и административниот корумпиран систем. Ганди ја сруши англиската империја со овој метод и Македонците можат истото да го направат. За организирање протести полицијата може да затвори 10 или 100 лица но не може да затвори повеќе илјади, не може да затвори деца и постари луѓе. Власта влева страв кај народот но исто таа се плаши од масовни протести, а народот ја има таа сила, тој секогаш е во право и затоа ќе победи. А за политичарите кои гласаа за измена на уставните промени како и на оние што ништо не презедоа да се спречи донесувањето на овие амандмани, повторно ви ја испраќам следната песна за да знаете Дијаспората како ве цени: ДА ВИ СЕ ПЛУКНАМ... (На предавниците на Македонија) Да ви се плукнам... Да ви се плукнам на лицето извалкано на очите заслепени и ослепени. Да им плукнам во очите на оние што ве зачнале и родиле да им плукнам на гробовите на оние што ви ги пренеле предавничките гени и да им плукнам в лице на оние што ве задоиле, учеле и советувале да го предадете и уништите светото а љубите туѓото повеќе од своето. Да му се плукнам на ѓаволот што ве покорил и ве спрегнал да роварите по македонската земја. Да ви се плукнам.... |