|
|
Социјалдемократите ја погребаа демократијата и државата на македонскиот народ! |
На 19 октомври 2018 година, 80 пратеници извршија предавство и го прифатија предлогот на Владата за пристапување кон уставни измени во склад со Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија. За потребата од уставни промени гласаа 80 пратеници од присутните 117, а 39-мина беа против. Ова се информациите од мониторот на кој убаво се гледа дека при електронското гласање од присутните 117 пратеници гласаа 80 за, додека 39 пратеници се повлекоа и потоа усно се изјаснија против отварањето на Уставот. Меѓутоа, доколку ги собереме 80 –те гласови на коалицијата предводена од Заев кои гласаа за отварање на Уставот и оние 39 парламентаци кои електронски не гласаа, но усно се изјаснија против, видливо е дека бројката изнесува 119 пратеници или 2 повеќе од она што стоеше на мониторот - вкупно присутни 117. Без разлика дали официјалниот спикер на Собранието пред почетокот на седницата најави (или не!?) дека во Собранието е отсутен само само еден од 120 пратеници, гореспоменатите бројки даваат голем простор за сомнеж за веродостојноста на гласањето. Односно настаните по двете одложувања на веќе закажаното продолжение на 61 – та собраниска седница, кои беа поврзани во потрага по два гласа „за“ потребни за обезбедување на потребното 2/3 мнозинство за прифаќање на предлогот за уставните промени, даваат основ за сомнеж за резултатите од гласањето. Дури и да е така (имало 119 пратеници во салата на Собранието), дека тука не е се чисто говори и професорката Тања Каракамишева која на својот Фејсбук профил напиша дека за промена на Устав, како и за сите системски закони, 2/3 мнозинство секогаш било и ќе биде 81 пратеник. Иако, власта ја оспорува, таа е сосема во право кога вели дека „како што апсолутното мнозинство значи 60+1=61 така и 2/3 или квалификувано мнозинство значи 80+1=81 пратеник“. Сето ова значи дека постапката е неисправна. Ако се има во предвид дека на 27 април 2017 година социјалдемократите на насилен начин ја презедоа власта и тоа им помина, сосема е јасно зошто и денес актуелната власт без да ја почитува вољата на мнозинскиот народ изразена на референдумот оддржан на 30-ти септрември, насилно влезе во измени на Уставот. За жал, меѓу оние кои не ја испочитуваа вољата на македонскиот народ и кои му помогнаа на Заев, беа и дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Владанка Авировиќ, Нора Исмаиловска-Старова, Крсте Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Зекир Рамчиловиќ и Елизабета Канческа-Милевска гласаа за уставните измени. Од ВМРО ДПМНЕ обвинија дека врз нивните пратеници бил вршен огромен притисок и им биле нудени големи парични средства за да гласаат против вољата на граѓаните на Македонија. Очигледно е дека некои од нив кои до вчера беа соочени со сериозни обвинувања за својата слобода го сменија својот глас. Така, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски биле пуштени од судот од куќен притвор откако објасниле колку е важно да се гласа на собраниската седница и да дадат свој придонес на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Оттука може да се каже дека 80 пратеници(!?) извршија предавство, срамно гласање во Собранието на Македонија, под присок на криминогени структури во власта, кои се поддржани од надворешните центри на моќ, Овие пратеници со своето гласање за уставни промени не ја испочитуваа вољата на над 1.200.000 граѓани и со тоа се обидоа да ја погребат демократијата и македонската држава - да ја укинат Република Македонија. Меѓутоа, корумпираните елити нема да можат така да продолжат. Грците веќе отворено пишуваат за тајни фондови со кои се корумпираат политичари и медиуми кај нив и во нашата земја. Се повторува времето на пропаганда од крајот на 19 и почетокот на 20 век, кога интезивно се вршеше асимилација на македонскиот народ. Но сега оваа пропаганда има голема помош и на меѓународната заедница, која иако свесна за недемократските методи ја поддржува власта на Заев. Од она што се случуваше во изминатите години, очигледно е дека македонските партии не можат да се спротивстават на меѓународната заедница која турка одредена агенда спротивна на интересот на Македонците. Затоа,македонскиот народ мора да изнајде сили за да се спротивстави и да ги поправи штетите кои ги направија корумпираните македонски политичари. Социјалдемократите со непочитување на вољата на македонскиот народ извршија предавство и се обидоа да ја погребаат демократијата и државата на македонскиот народ. Сепак македонскиот народ е не целосно победен. Тој мора повторно да се роди како феникс од пустошот кој го создаде корумпираната елита.
|