|
|
Другар Стаљин, ти беше во право |
Другар Стаљин, ти беше во право. Мојот покоен татко Апостол со голема возбуда и искреност велеше : Кога Стаљин ќе мрднеше со едениот мустаќ, пола планета се тресеше. Стаљин беше единствениот кој на Америка им ги покажа забите и им го кажа историското руско њет на НАТО сојузот. За него Америка беше империјалистичка земја која ги експлоатираше другите земји и воедно јасновидно процени дека сака да ги истреби. Гледано од денешен аспект, тоа е визионерска доблест и херојство со зенитен дострел кој не се повторува. Не дозволи со американски крвави долари да му се засмрде дворот, секогаш на репертоар беше казачок, никако рок или блуз. Само Стаљин можеше нацистите, создадени од Америка и владеачките секти во сенка, да ги гони се до Берлин. Благодарение на него, техниката на вооружување и војните доктрини отидоа толку напред, што Америка може да сонува да дојде и дури и 10 % блиску до Русија од тој аспект. Аналогно на сето ова, марионетите СДСМ и Заев не се свесни кого го одбрале и кого го отфрлиле како пријател и сојузник. Ако не беа паметни да оценат, требаше да знаат дека Бугарите и Албанците секогаш одбираат погрешна страна и едноставно да им одеа само контра. Затоа што духот и делото на Стаљин уште многу долго ќе биде присутно на целата планета и овојпат ќе ги мрдне двата мустаќи ... преведено - цела планета ќе се тресе.
|