|
|
Ветераните-верните членови на ВМРО-ДПМНЕ застануваат зад Претседателот Христијан Мицкоски |
Манојил (Мане) Јаковлески Ветераните-верните членови на ВМРО-ДПМНЕ застануваат зад Претседателот Христијан Мицкоски во одбрана на идеологијата и аманетот што ни го оставија нашите предци, „Македонија на Македонците“. Модерните “јаничари“ интересџии или поточно дел некогашни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои влегоа во партија и добија функции, очигледно неможејки да се навикнат во опозиција, ѝ го свртија грбот на партијата, едноставно заборавија дека народ без корен лесно ќе го одува ветерот, а со тоа и самите нив, зашто станаа луѓе од „ниедна вера“. Ние Ветераните-верните членови на ВМРО-ДПМНЕ, не се споредуваме со полтронашите, профитерите,Тие не се ВМРО. Ние никогаш нема да се симнеме на нивното ниво. Единствено во овој момент кој преставува пречка во распродажбата на националните интереси на државата е ВМРО ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски, зад кој стојам не само јас како еден од основачите на партијата, туку и огромен дел од верното-старо членство-ВЕТЕРАНИТЕ на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ е голема партија со огромен потенцијал, која ќе го најде излезот од соостојбата во која е втурната и ќе ги одбрани интересите на македонскиот народ. Во тоа нема да ја спречат некакви маргинални и платени функционери кои очигледно неможат да издржат кога партијата е во опозиција-се разбира затоа што во опозиција нема пари, а тие бегалците се влезени заради личен интерес. Продолжуваме уште пообединети, посплотени, поединствени! ВМРО-ците не забораваат! ВМРО-ДПМНЕ Вечно! Македонија вечна! АМИН! |