|
|
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја има мојата апсолутна поддршка |
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја има мојата апсолутна поддршка затоа што до крај остана доследен на програмските определби на партијата и волјата на огромното мнозинство на граѓаните за отфрлање на капитулантскиот договор со јужниот сосед. Претседателот ја има мојата поддршка затоа што не прифати да биде соучесник во промената на името на државата од Македонија во Северна Македонија. На чело со Христијан Мицкоски ВМРО ДПМНЕ покажа дека има визија за достоинствена и економски силна Македонија во рамки на ЕУ и НАТО. Токму затоа деновиве сме сведоци на жесток фронтален напад од сдс потпомогнат од одродени "браќа и сестри" а се со цел уништување на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата како единствена партија која се спротистави на погубните политики на Заев. Сакам да им порачам на сите наши членови и симпатизери дека ВМРО ДПМНЕ е многу посилно од оваа организирана хајка. ВМРО ДПМНЕ е многу повеќе од партија. ВМРО не можете да го победите. Да живее Македонија! |