|
|
Западната демократија се препознава по судењето на Груевски |
Тоа што го гледате што прави судот со Груевски, тоа е таа демократија и правда на судовите по западните ви ценети земји. Лично јас живеам повеќе од 30 години во Австралија и многу блиску ги пратам сите правди и политички гонења во сите западани демократски земји, одкога сум дојден во Австралија од 1985. Една работа ви гарантирам - ПРАВДА НЕМА !!! Ако не си од нивна секта или крв покварена, нема шанси да дојдеш до правда. Тие се ѓаволи и иронично ќе ти треснат во лице : Па кога немаше правда за Исус, што сакаш ти? Како Македонец, православен теоретски шанси немаш да победиш некој на суд па дури и со најдобар адвокат и со крстот на чело. Тоа е единствено објаснување за целата фарса со Груевски. Без никаков доказ и приказните за Мерцедесот се само повод за ненормалните да ги убедуваат другите дека магарето лета и има дури крилја. Во овој случај Бејли и Сорос со Западните демократи како ненормални со платежни средства од црно направија бело, а магарето испадна самиот Груевски затоа што кукавички не проба барем да блефира или како горд Македонец да си ги поканеше Русите со Путин, така скромно да дојдат кај нас на гости додека ѓубрето да се исчисти. Кој верува во западот, нивната демократија и правда нека верува, ама вистината е сосема друга. За пензиите, платите и стандардот преку ЕУ и НАТО ќе ги дочекате на 31 фебруари некоја си година, а дотогаш само уживајте во нивните лаги и нека ви биде огледало судот на Груевски што и сите вас ве чека. Тешко на сите вас браќа мои Македонци. Излезот е освестување, поголема љубов кон Македонија и ставање крај на лажната демократија. Нема друго место и поубав живот од Македонија, доколку со срце и разум се борите само за Македонија. Се друго е ветер и магла.
|