|
|
Традицијата на светите четири букви ВМРО - обврзуваат! |
Од осамостојувањето на земјата речиси да нема период кога СДС е на власт, а да не започне активности за разнебитување на македонскиот народ и држава. Тажно е што ова не допира ни до малиот мозок на елитата која е дел од потесното раководство на СДС. Во нивните постапки нема трошка патриотизам, нема размислување за последиците кои ги предизвикуваат со своите постапки. Тоа се луѓе кои одамна се откажале од интересите на соспствената држава, за туѓи и за лични интереси. Македонскиот народ кој е свесен дека кај раководството на СДС на чело со Заев може лесно да помине секакво барање од надвор, на 18 ноември масовно ќе излезе на семакедонски протест пред Собрание на РМ и силно ќе каже НЕ на обидите на Заев за дестабилилизација на земјата и трговија со името. ВЕ повикувам масовно да се приклучиме на ПРОТЕСТОТ во организација на #Бојкотирам Недела 18 ноември во 18.00 часот пред Собрание на РМ, да го спречиме генерацискиот грев и да ја зачуваме Република Македонија за идните поколенија. - Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени. Штетата која Заев ѝ ја прави на Македонија е огромна и за жал поради надворешна поддршка таа не е санкционирана. Но ако тоа сега не може да го направи опозициската ВМРО-ДПМНЕ, многу брзо народот ќе го направи тоа. Народот памети, не заборава. Тоа значи ќе има одговор. Сериозен одговор од македонскиот народ! Традицијата на светите четири букви ВМРО - обврзуваат! Довербата на народот - обврзува! Сеуште неродените деца – обврзуваат! И над се`, Македонија обврзува! МАКЕДОНИЈА, ВЕЧНА И ЕДИНСТВЕНА. АМИН! Манојил (Мане) Јаковлески |