Среда, 14 Ноември 2018   
Тотално лудило ја зафати државата

svekrva-nova
Свекрва

На сите им е јасно дека политичкиот и судскиот прогон кој се случува во Македонија, нема врска со правдата, туку треба да го дефокусира вниманието на јавноста од разнебитувањето на Македонија. Исто така, овој прогон на патриоти, политичари, интелектуалци, глумци и др.,  треба да ги поколеба сите оние кој застанаа во одбрана на зачувувањето на уставното име и идентитетот на македонскиот народ.  

И додека вниманието на јавноста е свртено на апсења на познати бизнисмени, како и тоа дали некој македонски политичар ќе заврши во затвор, за тоа време македонските албанци бараат Рамковниот договор да влезе во Преамбулата на Уставот, иако тоа не е услов за членство во НАТО и за отпочнување на преговори со ЕУ. Но, тука не престануваат нивните барања. Албанските лидери, сакаат конзесуален претседател, за кој ќе се борат со фанатизам! 

Овие барања се проследени истовремено со активности во соседството. Имено, на Косово упорно се турка идејата за обединувањето на Прешевската Долина, област во јужна Србија со мнозинско албанско население. Оваа идеја упорно ја промовира косовкиот претседател Тачи, иако за неа остро се спротивставува поголемиот дел од меѓународната заедница, бидејќи таа неможе да се реализира по мирен пат. 

Меѓутоа, денес кога во Европа повторно маршира фашизмот, се е можно. Социјалдемократите се спремни изгледа и на поголеми остапки од досега изнесеното во јавноста, без разлика што тоа е спротивно на интересите на македонскиот народ и неговата држава. Со отварањето на Уставот, Албанците со помош на социјалдемократите можат да станат конститутивен народ (бинационална држава). а и до промена на уставното име заедно со уставните амандмани, иако нема гаранции дека грчкиот парламент ќе го ратификува договорот од Преспа. 

Апсењето на поранешниот премиер и почесен лидер на ВМРО ДПМНЕ, како и обидите за уништување на најголемата опоциска партија е главен приоритет на марионетската власт на Заев која по секоја цена сака да го спроведе договорот од Преспа. 

Но пред да направат непоправливи грешки со спроведување на договорот со Грција, кој предвидува отварање на Уставот и бришење на достигнувањата на АСНОМ, добро е да се потсетат на следното. Како потомци на поранешните комунисти, денешните социјалдемократи треба да знаат дека покрај Прогласот од Првото заседание на АСНОМ, постои и Прогласот од ЦК на КПМ од АСНОМ до македонскиот народ во кој меѓудругото се вели: 

„МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!

Во својата тригодишна народно-ослободителна борба ти го оствари своето единство, својата војска, ги удри темелите на федерална македонска држава. Со участието на целокупниот македонски народ против фашиските окупатори во Југославија, Бугарија и Грција, ќе го оствариш и соединението на сите краишта на Македонија разделени од страна на балканските империјалисти 1913 и 1918 год. Атлантската повелба и договорот во Техеран, во лицето на големите сили, Англија, Советскиот Сојуз и Америка ти гарантират правото на самоопределуење, спечалено низ борбата против германските окупатори и нивните слуги.“ 

Повикувајќи ги народностите да стапат во народноослободителната војска на Македонија, во Прогласот на КПМ од АСНОМ истовремено се укажува дека колку тие ќе дадат допринос во таа борба толку ќе имаа во иднина права. Имено во прогласот се кажува:  

„АЛБАНЦИ, ТУРЦИ, ВЛАСИ И ЕВРЕИ!

Новата македонска држава e и ваша држава. Она е заснована на принципите на братството меѓу сите народности, кој живеат на македонската земја. Во нејзините темели е созидано борбеното единство, исковано меѓу вас и Македонците во денешната народно-ослободителна борба против фашиските окупатори. Но за таја ваша нова татковина—македонската држава во демократска и федеративна Југославија — вие треба уште многу да допринесете. Во прв ред вие не смеете да дозволите на фашиските окупатори да ве прават џелати над нашите браќа кои веќе три години лејат крв за своја и ваша слобода. 

Стапујте во народно-ослободителната војска на Македонија која е и ваша војска. Знајте дека колку денес се борите толку утре ќе имате права. Народот на Македонија зар секого утре ќе праша каде бил и кому служел.“ 

Иако, според изнесеното во јавноста, се предвидува Прогласот од одржувањето на АСНОМ да биде ставен во Преамбулата, познавајќи ги Грците, токму овој дел од Прогласот на КПМ до македонскиот народ, од 4 август 1944 година, пишуван по одржувањето на АСНОМ, може да биде пречка за ратификација на договорот од Преспа.  

Исто така, со оглед на историското минато на Албанците, на која страна биле и кому му служеле за време на Втората светска војна, токму овој повик на КПМ опоменува за нивното  вметнување во уставот како посебен конститутивен елемент, за разлика од другите етникуми. 

Денес актуелната власт мора да има почитување кон борбата на македонскиот народ и неговите жртви дадени за создавање на слободна и суверена македонска држава. Истовремено таа мора да се има и пиетет кон партијата ВМРО ДПМНЕ, но и кон своите претци кои имаа заедничка цел. Секоја погрешка која сега ќе се направи, потоа тешко може да се поправи. Таа може да доведе не само до судир помеѓу македонците, туку потоа и до судир со Албанците и исчезнување на македонскиот народ и држава.

Затоа Македонија, доколку сака да има подобра иднина за своите деца, мора што побргу да излезе од ова тотално лудило која ја зафати земјата.

 

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.