|
|
Северна никогаш, Македонија засекогаш |
Свекрва Црни денови на македонската историја Да не се менува Уставот! Да не се менува името! Оставка на Владата! Оставка на пратениците! Избори! „Северна никогаш, Македонија засекогаш“! Ова се барањата на македонскиот народ кој ги истакна на неделниот протест пред Собранието. Ни лошото време, ни попречувањето на полицијата не ги спречи неколкуте илјади граѓани да протестираат против спогодбата со Грција за промена на уставното име и другите уставни измени. Преспанскиот договор не е правосилен без потпис од Претседателот и негова објава во Службен весник. Сепак, иако овој документ формално правно не постои, актуелната власт продолжува со уставните измени, односно постапки за разнебитување на македонскиот народ и неговата држава. Во тој контекс се и најавата за одржување на пробниот попис во 2019 и пописот во 2020 г. во која се предлага да нема прашања за етничката и верската припадност, туку само прашање за мајчиниот јазик, како и бегството од земјата на поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, во моментот кога требаше да замине на отслужување казна затвор. Неверојатно изгледа веста дека Никола Груевски, кој како лидер на најголемата опозициска партија ја предводеше борбата за зачувување на уставното име и македонскиот идентитет, наместо во затвор, на филмски начин избега од Македонија. Неверојатно изгледа веста, дека македонските безбедносни органи не ја знаеле неговата намера и не го спречиле бегството. Исто така, неверојатна изгледа веста дека „големиот брат“ и неговото „големо уво“ од Кале, ништо не знаел за намерите на Груевски и дека доколку ја знаел, не им ја пренел информацијата на безбедносните органи под контрола на Заев. Не случајно Зоран Заев јавно се прашува дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија пред да биде издадена потврдата за казната затвор или можеби бил киднапиран. Тоа отвора можност за повеќе шпекулации за тоа кој и како Груевски го пренел во Унгарија, дали е таму или на друго место и т.н.. Дека актуелната власт има намери да го избрише македонскиот народ од листата на европски народи покажува и најавата за одржување на пробниот попис во 2019 и пописот во 2020 година во која се предлага да нема прашања за етничката и верската припадност, туку само прашање за мајчиниот јазик. Истовремено овој сомнеж се зголемува со информацијата дека се планира за 2020 година да се исфрлат хартиените пописни листови, а податоците да се внесуваат во лаптоп со кој ќе располага секој попишувач. Изостанувањето на тврда копија од изјаснувањето дава простор да се размислува и за други манипулации во однос на одговорот на прашањето за мајчиниот јазик. Со спречувањето на македонскиот народ да се изјасни за својата етничка и верска припадност актуелната власт го прекршува правото на самоопределување според меѓународното право и според Повелбата на ОН. Истовремено, доколку не му овозможи на сопствениот народ да се изјасни, актуелната власт ќе изврши злосторство врз сопствениот народ. Во овие црни денови на македонската историја, кога македонците се соочуваат со бришење од картата на народите на Европа, македонскиот народ се повеќе го крева својот глас. Тие го бојкотираа референдумот од 30-ти септември, спротивставувајќи се на спогодбата со Грција која предвидува промена на уставното име. Веќе се најавува бојкот и на пописот на кој не ќе може да се декларира етничката припадност на македонскиот народ. Во моменти кога институциите кои треба да го бранат Уставот и Законите во земјата се парализирани од антимакедонски инсталации, македонскиот народ се самоорганизира. Неговиот отпор станува се посилен. Со бојкот на референдумот тие не му дадоа правен легитимитет на спогодбата со Грција и за уставни промени. Врз основа на неуспешниот референдум, организаторите на неделните протести пред Собранието на РМ побараа „итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени, еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум, стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право, трајна заштита на името на државата и распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори“. Доколку не посакува да се соочи со народ, без притоа да се повторат грешките од 27-ми април, актуелната власт мора сето ова да го испочитува. Едноставно пратениците треба да ги прифатат барања против уставни измени“. Паролата е едноставна „Северна никогаш, Македонија засекогаш“! |