Среда, 28 Ноември 2018   
Ова што му го правеа на Груевски е антимакедонски чин!

MN MK
Македонска нација

Според мислењето на многумина, досега на поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, секојдневно му се закажуваа судски процеси за политички монтирани случаи, со цел негово оцрнување, а со тоа оцрнување и на ВМРО-ДПМНЕ.

По последната пресуда Никола Груевски на граѓаните преку Фејсбук им порача:

„ГЛАВАТА ГОРЕ ГОРДИ МОИ МАКЕДОНЦИ И ГОРДИ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА! Ова е твоја земја, ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во сите предизвици.

Ти си нашата сила, ние сме вашата сила. Доаѓаат подобри времиња.

Главата горе и не заборавајте, ова е ваша земја, ова е земја на сите вие кои што живеете во неа и ничија друга,

ВИЕ ОДЛУЧУВАТЕ! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

Никола Груевски 11 години беше премиер на земјата и ги постигна најдобрите резултати.

Под негово раководство како премиер на Владата на Република Македонија, тој успешно ги надминуваше предизвиците и земјата чекореше напред, додека економската криза го тресеше светот. Македонија стана огромно градилиште, беа донесени странски инвестиции, се отворија 170.000 нови работни места и невработеноста се намали на рекордно ниво.

Никола Груевски кој беше премиер на РМ со најголем рејтинг во народот, стана непремостива пречка за центрите на моќ за спроведување на нивните цели – разнебитување на државата на македонскиот народ. Тие, за да ја разнишат поддршката и за да ја скршат вољата на македонскиот народ, започнаа специјална војна за дискредитација на Никола Груевски.    

Со помош на петата колона и Соросовите невладини организации во земјата, преку Пржинските договори, центрите на моќ го натераа Никола Груевски, најуспешниот премиер од осамостојувањето на земјата, да се повлече од премиерската функција и го спречија да формира влада иако победи на изборите.

Свесни за популарноста на Груевски меѓу народот, центрите на моќ продолжија со интриги и дискредитации. Тие од разни страни испраќаа пораки во кои се бараше од Никола Груевски да си даде оставка од лидерското место на партијата.

Со оцрнувањето на Никола Груевски ги навредуваат Основачите-Ветераните  на ВМРО-ДПМНЕ, токму тие кои деведесеттите години се бореа за самостојна Македонија, а тие кои издадоа налог за апсење на Никола беа на спротивната страна, беа против самостојна Македонија.

Ова што инсталираната марионетска власт му го правеше на Груевски е антимакедонски чин. Ќе дојде ден кога истите тие кои што го осудија, ќе застанат да одговараат пред Македонско независно судство,  и предд судот на ВМРО.

 

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.