|
|
НИКОЛА ДИМИТРОВ да научи да прави разлика помеѓу региoн и држава |
Проф.Др.Игор Јанев НИКОЛА ДИМИТРОВ да научи да прави разлика помеѓу региoн и држава Македонија може да биде само наша, бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави” 1). Република Македонија се однесува на правно и политички дефинирана територија, која е различна од регионот Македонија кој не е меѓународнo правен субејкт. 2). Република Македонија е име на меѓународнo правен субјект со јасно дефинирани граници. 3). Во 1992 година Република Македонија аплицирала за членство во ООН како држава со јасно дефинирана територија. 4). Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија. НИЕ ВЕКЕ ИМАМЕ ПРАВНА ДОДАВКА ПРЕД МАКЕДОНИЈА,ТАА Е РЕПУБЛИКА. НАС НЕ НИ ТРЕБААТ ДВЕ ДОДАВКИ! И "РЕПУБЛИКА" И "СЕВЕРНА". ДОВОЛНА Е САМО "РЕПУБЛИКА". ДОДАВКА ПРЕД МАКЕДОНИЈА Е ГЛУПОСТ ПО СЕБЕ! (Посебно дополнителна). Државите, според меѓународното право, немаат ексклузивни права на државните имиња. Избор на државното уставно име е во строгата внатрешна јурисдикција на секоја држава. Секоја држава, според меѓународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неотуѓиво и суверено право. Државното име нема никаква правна релација со историјата, бидејки менување државни имиња не влиае врз историјската интерпретацијата, исто како ни врз територијалните права и обврски на своја или другите држави. Ниту една држава нема монопол на толкувањето на историјските движења. Тоа е, мегу друго, јасно и од гледна точка дека секој може произволно да земе кој било период од историјата и да дава своето толкување. Историчарите направееа голема штета за проблемот со името што се обиделе да поврзат историјата со името (тие се категоријално различни сфери). Покрај другото ние сме Република Македонија, а Република никгаш не постоела ( за Македонија во древна, па и современата историја (до денес)). Со други зборови, историчари од СДСМ и Димитров не разбрале правната припрода на проблемот, ниту политичката димензија на процесот на легитимизирање! |