|
|
БРАНКО, ВРАТИ СЕ |
Сите ќе заминеме во странство, ако Заев не си замине. Се погласни се иницијативите за враќање на Бранко Црвенковски за претседател на СДС. Се поголем број на партиски членови на СДС бараат од Црвенковски час поскоро да се врати на лидерското место за надминување на се поголемата разочараност на членството од Зоран Заев. Земјата назадува, економијата пропаѓа, младите се повеќе се отселуваат од нашата држава. Тоа Бранко мора да го спречи. Во СДСМ се разгледуваат повеќе опции околу неговото враќање, а како најверојатно се споменува колективно претседателство со кое тој ќе раководи. АКО Е ТОА ПОТРЕБНО И ЗА ДОБРОТО НА ПАРТИЈАТА СПРЕМЕН СУМ ДА СЕ ВРАТАМ КАКО ЛИДЕР НА СДС, изјавил Црвенковски по оваа иницијатива. За ова се залага и поранешниот Премиер Владо Бучковски, кој пред неколку дена потврдил дека на СДС му треба принудна управа. Тоа го потврдува и постарото членство на оваа партија, кои не ја кријат разочараноста од владеењето на Зоран Заев. Тој ќе мора да замине во историјата, истакнуваат постарите членови на партијата, кои не кријат дека Заев ништо не покажал во своето двогодишно владеење. Многу ветуваше и ништо не исполни, истакнуваат и членовите од подмладокот на партијата. Сите ќе заминеме во странство, ако Заев не си замине. Немаме перспектива во Македонија, интензивно учиме странски јазици и аплицираме за заминување во странство, едногласни се младите. Оваа иницијативае е неопходна за заздравување на партијата и сите ќе ја подржиме, затоа апелираме: БРАНКО, ВРАТИ СЕ! Испраќачот ка коментарот познат на редакцијата на МН |