|
|
КОГА ШАРЛАТАНИ ОДЛУЧУВААТ - СТРАДА ВИСТИНАТА |
Мартин Треневски КОГА ШАРЛАТАНИ ОДЛУЧУВААТ - СТРАДА ВИСТИНАТА Ете драги македонки и македонци, го доживеавме првиот шок (море не само шок, туку вистинско трескање од земја) од таканаречениот Договор за пријателство со Бугарија што ни го приреди македонскиот дел од заедничката Kомисија за препочитување на учебниците по историја!? Имено, според изјавата на шефот на бугарскиот тим историчари, професор Иван Илчев (нашите членови не не удостоија со права информација што воопшто се случувa таа комисија и што се договорил (читај: што распродале), македонскиот тим историчари кои "признале дека царот Самоил бил бугарски владетел"!?
Токму така, нашите силни историччари се одрекоа од една од највеличествените личности во нашата национална историја - царот Самоил и сега треба да очекуваме во нашите учебници да пишува дека - според нашите историчари (замислите какво безобразие и лудост, но пред се неодговорност и непочит пред нашето историско наследство и минато и тоа од оние што се најповикани да го бранат со факти и документи), т.е. одбраната дружина од Зоран Заев таканаречени историчари (во моите очи обични дилетанти и шарлатани) туку така, како на Бит Пазар, да ја распродаваат и да се одрекнуваат од една од нашите најголемите национални светињи - македонскиот цар Самоил.
Сакам да верувам дека можеби некој од членовите на македонскиот тим историчари и држел до историската вистина но бил приморан да проголта (!) oна што им било наложено од Илинденска Бр. 1 и да премолчи став што бил наметнат од актуелната политичка констелација што ја узурпира власта во Македонија!? Оваа претпоставка за инволвираноста и притисоците врз членовите на комисијата ја базирам на фактот што Зоран Заев и неговиот министер за понадвор, пардон за надворешни работи, Никола Димитров во август 2017 година сред Софија положија цвеќе и се поклонија на споменикот на македонскиот цар, бесрамно претставен како " Самоил цар на Б'лгарија".
Од друга страна пак ваквото шарлатанство во никој случај не може да го оправда гревот на тие што го сторија ова предавство и така лефтерно ги распродаваат и се откажуваат од нашите древни историски ликови. Слушаме дека фамозната комисија историчари прифатила да се споделуваат со Бугарија како "заеднички вредности" и светите браќа Кирил и Методиј, па Глигор Прличев и кој знае уште што ке ни се случи допрва и какви се не шокови ке доживееме во иднина во стилот на Зоран Заев: "Едно да се каже дека Бугарија била окупатор во Втората светска војна, а сосема друго било да се каже дека фашистичка Бугарија била окупатор на Mакедонија, бидејки, според Заев, оваа, вторава варијанта била понепријатна и поболна за бугарите и не била во духот на Договорот за пријателство!?
Но да се вратиме на предавството на цар Самоил на бугарите од македонските историчари - дилетанти. Дали тие силни доктори на историски науки, демек специјалисти за периодот од средниот век, воопшто ги прочитале учебниците од еден од најголемите авторитети во светот за средeн век од минатиот век Проф. д-р Григориј Острогорски??? Според актот на ноншалантното прифаќање на бугарската верзија за царот Самоил, не верувам! Или можеби Проф. Острогорски воопшто не е земен во предвид за расправата по ова прашање? Mногу веројатно! Имено, Проф Острогорски, чии учебници за средниот век и Византија се преведени на бројни светски јазици, а во Германија таа материја и денес се изучува од неговите учебници, и во изданието на учебникот: "ИСТОРИЈА НА ВИЗАНТИЈА" од 1947 година, и во изданијата од 1959 и 1969 година к а т е г о р и ч к и тврди дека царот Самоил е од м а к е д о н с к о потекло и дека во науката не постои нити еден доказ за постоењето на две бугарски царства, источно и западно, како што настојува да наметне бугарската историографија, но и многу нагласено бугарската политика!!!Дали ова сознание не им беше достапно и познато на нашите историчари, членови на комисијата за ревизија на учебниците по историја во Република Македонија, не знам!
Ако нашите историчари не го знаат, или пак не го ценат Острогорски (?), кој знае, се е можно, тогаш можеле да ги консултираат делата на Проф. Бранко Панов, Драган Ташковски, но и академик Стјепан Антолјак кои се многу децидни во ставовите за македонското потекло на цар Самоил. Нашироко позната историска епизода е дека царот Самоил - постапувајки по советот од Ватикан, ј а у з у р п и р а л круната на бугарските цареви, но тоа во никој случај не го прави Бугарин во етничка смисла, ниту пак неговото царство како бугарско, врз основа на што соседите ни од истокот манифестираат иредентизам кон нас (забелешка: Бугарија е членка на НАТО и на Европската унија, што подразбира дека би требала да прифаќа и манифестира европски вредности) а не хистерично да наметнуваат и присвојуваат туѓи, во случајов македонски, историски вредности!). Впрочем бројни цареви и императори на Светото Римско царство биле шпанци, португалци, австријци, баварци и др. но тоа воопшто не значи дека биле по потекло - римјани!!! на нашите историчари - членови на мешовитата комисија за ревизија на учебниците по историја, би им препорачал да ги искинат факултетските дипломи и докторати по историја и да ги голтне срамот, ако воопшто имаат срам за овој злостор што ни го сторија. |