|
|
ЛАКРДИИТЕ НА "МАЈБАХ" СУДСТВОТО |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ ЛАКРДИИТЕ НА "МАЈБАХ" СУДСТВОТО Нам драгата ни татковина Македонија, судејки по се она што ни го стокмија однадвор (Вашингтон, Брисел...), а што се реализира со невиден жар од домашните властодршци-измеќари, чинам дека слободно може да се нарече "Земја на чудата". Tолку многу чудесии ни подготвија и ни се случија во текот на годинава што изминува, но и претходните години, што човек глава ке го фркне: од каде да почне и за што побргу да пишува!? Се одлучив да пишувам и да го пренесам моето мислење за пресудата на поранешниот премиер Никола Груевски и казната од две години затвор затоа што, замислите чудо - невидено: "Влијаел во донесувањето одлука на набавка на блиндирано возило од типот Мерцедес-Мајбах во вредност од близу 600 илјади евра". На ова образложение со оправдан и разбирлив потсмев реагираа лидерите на неколку наши соседи, пред се претседателот на Србија Александар Вучиќ којшто цинично коментираше:"Па и Ѓинѓиќ набави сличен мерцедес, но ние не му судевме". Пресудата на Груевски сосема сигурно ке влезе во аналите на светската судска пракса како невидена глупост, правен преседан и во буквална смисла правна лакрдија, но во моите очи во истата (во пресудата) има неколку димензии на коишто ке се осврнам во оваа прилика. Пред се, пресудата недвосмислено говори за ниското и приземно цивилизациско ниво на оние што ја донесоа истата, а се разбира и на оние што ја порачаа, во што немам ама баш никаков сомнеж дека е така. Имено, не верувам дека на нашава планета постои земја што нема блиндирано возило пред се за потребите на нејзиниот протокол! Во денешниов турбулентен и со бројни закани и опасности обременен свет блиндираните возила се гаранција за безбедноста на високи странски гости, но и на видни личности од домашната општествена и политичка свера: папа, кралеви, цареви, претседатели, премиери, спикери на парламент и др! Скоро редовна пракса ширум меѓународната заедница е кога се договара посета на високо ниво на одредена земја, како еден од главните предуслови од протоколот од гостинската страна е за високиот гостин да се обезбеди блиндирано возило, а по нивна оценка и дополнителна придружба од возила (амбулантно возило и сл.), полициски ескорт на мотори и сл. И тука нема компромиси или одстапувања од она што го налага протоколот. А што да се каже кога за овој наводен "грев" што му се припишува на Груевски, се спореди со праксата во други земји? Во Белгија, конкретно во Брисел, нивниот протокол располага не со едно, не со две, туку со над сто, и со бројка 100, блиндирани возила што е сосема разбирливо и неоходно. Можеби некој ке запраша: како тоа, зошто? Па од едноставна причина бидејки во Брисел е седиштето на Европската Унија и на НАТО. На НАТО самит кога се одржува во Брисел присуствуваат шеесетина врвни државници - шефови на држави и влади, на земјите членки и земји партнери на Алијансата, на кои задолжително им следува блиндирано возило. Впрочем, Белгија,како земја домаќин е д о л ж н а да ја гарантира безбедноста на високите гости и тука нема простор за било какви дилеми и тумачења. Слична е праксата кога станува збор и за средби на највисоко ниво на членки на Европската Унија. На македонските суди(јк)и што му пресудија на Груевски да им разјасниме дека блиндираното возило не е само превозно средство од аеродром до хотел и од хотел до сала за состаноци или некоја друга дестинација на високите гости на кои им е наменето. Блиндираното возило не ретко е и р а б о т е н п р о с т о р, т.е еден вид подвижна канцеларија во којшто високите гости ги вршат дел од своите работни обврски - комуницирање со кабинетот, со соработници, или со нивните семејства. Ќе го споменеме примерот со претседателтите на САД за коишто, по порачка, се изработуваат вонсериски блиндирани возила популарно наречени "Ѕвер" /Beast/ кои се опремени со најсовремени средства за комуникација, сателитска конекција, интернет, телефони и што ти не друго, а се разбира и со мини фрижидер и бар. Замислите што ќе се случеше доколку екс-премиерот Груевски влијаел (!?) и такви нешта да бидат вградени во службеното возило од типот мерцедес-Мајбах. Судејки по она за што Груевски доби казна од две години затвор, за вакво нешто не му гинеше - бесилка!? Сепак, мислам дека зад пресудата за некакво си влијание врз тендерот за набавка на блиндирано возило стои лична вендета /освета/ на лицето Зоран Заев и тоа во стилот "Ти ме судеше мене (за случајот Глобал и проневера на осум и пол милиони евра), сега јас ке те судам тебе". А немајки вистински повод да му суди на Груевски, Зоран Заев го стори тоа преку Мајбах судство што му е под тотална контрола и влијание. Ако Зоран Заев и овој случај со бесмислената пресуда за набавката на блиндираниот мерцедес од типот Мајбах го смета за реформа во судството, тогаш не сум сигурен дека ке добие преодна оцена од идниот состав на Европската Комисија што ќе го замени актуелниот соросовски ориентиран состав на ЕК во Брисел. За на крајот: Груевски не го однесе блиндираното возило Мајкбах дома, туку истото многу интензивно се користи за службени потреби, но и приватно, за развозување на членови на семејствата на актуелните властодршци во Македонија. |