|
|
До кога ќе бидеме безгласни и толерантни спрема внатрешните квислинзи? |
Манојил (Мане) Јаковлески До кога ќе бидеме безгласни и толерантни спрема внатрешните квислинзи? Ние Христијаните го имаме нашиот Исус и веруваме во него како наш бог според кого и го носиме неговото име. Но, знаеме и за Јуда. Кај нас во Македонија има повеќе Јуди и тоа не само денес во ова модерно време, Јимало отсекогаш. Едно мора да запомниме, дека треба да ги изолираме овие изроди и десетината циркузанти околу нив, слугите на ѓаволот. Да ја зацврстиме љубовта кон нашава мајка Македонија, како една и единствена татковина на Македонците во целиот свет. Потребна е самокритика, па затоа ќе Ве запрашам, како ние се однесувавме кога ни се случија вакви предавства во 1990-та година? Како реагирале и нашите претходни генерации и истомисленици на предавствата? Зошто денес ги толерираме? Без разлика што и да се случило, им дозволуваме, без да им фали влакно на главата, да ни ја плукаат нашава држава, да ни ја обезличуваат татковината за која илјадници Македонци низ историјата се бореле и гинеле. Денес имаме сопствена држава, ваква или онаква, наша татковина е, да се бориме да биде подобра, а не да ја обезличуваме и омаловажуваме, не смееме да дозволиме некој да ја плука, без разлика кој е тој. Во секој случај што поскоро мораме да се справиме со нив, со тие одродници на сопствениот народ. Драги браќа мои, деновиве читаме дека дека имало исти такви изроди и кога ја создававме државава, зад нашиот грб работеле да ја делат нашава татковина, а ние наивно ги величевме до бесвест, ги правевме месии, а тие браќа мои ни нанесоа срам на сите нас. Кај нашиве соседи во однос на националните интереси постои само еден единствен и идентичен став, бидејќи кај нив не е разбирливо некој да ги продава националните интереси за пари. Ме интересира, како би реагирале нашиве соседи кога би имале и тие вакви предавства како кај нас, на кој начин би се справиле со нив кога и тие би имале вакви тешки времиња како и ние, да им биде оспоруван идентитетот, а некој да ги кодоши и да ги застапува туѓите интереси одколку интересите на сопствената држава? Во едно сум сосема сигурен, кај нашиве соседи медиумите, младите, народот, владата и јавниот обвинител, веднаш би реагирале и би ги прогласиле за предавници, изроди и би ги осудиле како државни непријатели. Зошто неможеме така сложно да реагираме и ние браќа мои, каде е нашава младина, нашиве медиуми, зошто не реагира јавниот обвинител во Македонија? Сите ние ги толерираме овие јагниња облечени во волчја кожа, кои лажно претставувајќи се како патриоти и вршејќи раздор и поттикнувајќи омраза и нетрпеливост, го тероризираат Македонскиот народ, заради туѓи интереси. Сите ние, немо ги гледаме, а некои несвесно ги подржуваат. Дали новите генерации Македонци ќе дозволат пропаст на Македонија? До кога ќе бидеме безгласни и толерантни спрема внатрешните квислинзи? |