|
|
Од оаза на мирот станавме пустина |
Свекрва Од оаза на мирот станавме пустина
По крвавиот распад на СФР Југославија и мирното осамостојување на Македонија во 1991 година, земјата беше именува како оаза на мирот. Но, набргу тој мир беше нарушен, прво со транзицијата на општествениот капитал во приватен и отпуштање на над 200 илјади вработени, потоа и со блокадите од страна на Грците. Опустошени места, опустошени фабрички хали, полупразни училишта, полупразни паркови без некој голем детски џагор, само по некој пензионер и млади кои едвај ја чекаат првата можност да заминат во странство. Долго време нема радост и безгрижност на лицата на луѓето. Кај мнозинството граѓани во очите им се чита тага и загриженост од иднината во која ги втурнаа челниците на СДСМ. Всушност, сето тоа е последица на политиките на Социјалдемократите кои со својата политика ја опустошија земјата. Сега тие сакаат да им го одземат на оние кои останаа и името, и идентитетот, и јазикот и културата. Сакаат да го обезличат македонскиот народ во единственото слободно парче македонска земја, како што многу одамна тоа се направи со мекедонскиот народ во Пиринска и Егејска Македонија. Откако власта со сила и манипулација ја презедоа СДСМ и ДУИ, не се почитува ни Устав, ни Закон, а органите на власта и бандите ги штитат од растечкото огорчување на масите. Само силата им овозможува на сегашната власт неказнето да го прекршува Уставот и Законите. Ако некогаш, на почетокот на 20 век, за време и по Балканските војни, со цел да се запоседне македонската земја, со нечуена бруталност (колежи и размена на население) беше десеткувано македонското население во сите три дела на поделена Македонија, денес, за жал во 21 век, речиси со истите методи се ништи македонскиот народ во единственото парче слободна македонска тероторија. Во тоа обилно помагаат македонски изроди, кои за грст жолтици се спремни да го продадат името и идентитетот на државата и најмилото. Македонскиот народ соочен со безработицата, со сиромаштијата која ја донесе политиката на социјалдемократите, интензивно ја напушта земјата и оди во странство каде набрзо, веќе при втората или третата генерација ќе бидат асимилирани. Колку е штетна политиката на социјалдемократите може да се види ако се направи споредба со претходната влада на ВМРО ДПМНЕ. Без разлика на одредени аномалии, за време на претходната власт, Македонија беше едно големо градилиште, имаше странски инвестиции, се намалуваше невработеноста, се водеше политика за зголемување на наталитетот и што е најзначјно се врати надежта кај народот. Сето тоа траеше се до моментот кога еден аболиран политичар, со помош на странците, не ја затресе земјата со т.н. “бомби“. Од тој момент, „слези Мурто, да се качи Курто“, се‘ застана. Сојалдемократите нелегално ја зедоа власта, но што вреди кога незнаат што да прават со неа освен да размислуваат за сопствените џепови. За народот баш им е гајле. Уште нецели десетина дена доаѓа Нова година. Наместо семејствата да се радуваат, на многумина трпезата ќе им биде полупразна, а под елките ќе ги нема традиционалните пакетчиња. А како да ги има, кога од рај на земјата, направија Македонија да стане пустина. |