|
|
Политичар не смее да биде историчар, криминалец па и нобеловец |
Александар Џеповски
Политичар не смее да биде историчар, криминалец па и нобеловец. Тоа може само во Македонија благодарение на заспан народ што се плаши да облече жолти елеци.
Политичарите се презанесоа, специјално на Балканот. Се повикуваат на историја, забрануваат и игнорираат историја на другите, па дури делат и лекции.
Нашиот проблем е најголем, затоа што како прво имаме човек кој е осуден и аболициран поради криминал. Како таков не ги гледа другите како криминалци, непотизмот му е како слатко кафе, корупцијата доручек и за пари менува се и сешто па дури и име на земјата што го родила.
Капак на се е номинацијата за Нобелова награда. Со ова се е кажано и се достигна врвот или дното, сеедно.
Дали има логика сето ова кога Америка, ЕУ и НАТО сето ова го подржуваат и форсираат? Дали се толку напредни, глупи или Ние сме глупи, нека одлучат паметните. Но во секој случај ова го нема никаде освен во наша Македонија, за жал.
Еден ден се ќе се дознае за колку пари се продавала Македонија но најповеќе боли молкот (до сега) на народот.
Само вечна Македонија е животот и наша судбина. АМИН!!!
|