Четврток, 27 Декември 2018   
ИМАЛО ГОСПОД: МОНСТРУМОТ БЕЈЛИ ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

ИМАЛО ГОСПОД: МОНСТРУМОТ БЕЈЛИ ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА

Повеке македонски електронски портали објавија деновиве дека тим од 11 финансиски експерти од Американската влада ја чешлаат документацијата во Американската амбасада во Скопје пребарувајки лист по лист во потрага за докази како се трошени парите од даночните обврзници на САД во процесот на разнебитување на стратегискиот партнер на нивната земја - Република Македонија, за донесување на квинслишката влада на Зоран Заев на власт со единствена цел: со сите расположиви средства и методи (најчесто недозволени и бескрупулозни) да се преиначи (по теркот на "длабоката држава") етничкиот баланс, името на државата, нејзиниот Устав и идентитет на мнозинскиот македонски народ.
Немам зборови да го опишам моето лично воодушевување од присуството на 11те финансиски експерти и од срце им посакувам да ископаат што е можно повеке докази за конечно и дефинитивно да го раскринкаат овој експонент на "длабоката држава", на која Претседателот Трамп и објави војна со изјавата што ја даде пред неколку месеци:"Раскрстив со кланот Клинтон и со кланот Буш, сега ми преостанува да раскрстам и со "длабоката држава" (Deep state)".

Со душа сакам да им помогнам на 11 финансиски експерти од преку барата со две сугестии благодарение на некои доблесни македонски електронски портали.

Прва сугестија: Мислам дека би било извонредно корисно на споменатите финансиски експерти да им се даде на увид фотографијата како лицето Џес Бејли буквално му диши во лице на поранешниот претседател на Државната изборна комисија Чичаковски (добро е да се сретнат и со него лично) кога се случуваше гласањето и прегласувањето во Теарце за време на последните парламентарни избори, и

Втората сугестија: Мислам дека ке биде многу корисно (за комисијата финансиски ревизори во амбасадата на САД) да го поканат на кафе средба судијата Владимир Панчевски и да го замолат да каже: ЗОШТО беше повикан на разговор во американската амбасадата од Бејлиевци непосредно по завршетокот на последните парламентарни избори и што бараа дотичните од него, што само по себе е невиден скандал и безобразие без предесан.

Сакам да верувам дека Белата куќа конечно свати колкава штета и нанесоа Џес Бејли и Стејт департментот чиј експонент пет години беше именуваниот ЦИАш (иако пред некој месец беше најавено дека к о н е ч н о во декември о.г. ке замине од Македонија и дури беше соопштено името на дамата амбасадор што ќе го замени), еве на истекот и на декември и на ова 2018та година (да не се повтори) тој сеуште го дише скопскиот загаден воздух и никако да исчезне, (како да нема куртул од него?)

Експоненти како Џес Бејли - егзекутори на политиката на "длабоката држава" и нанесуваат огромна и непроценлива штета на угледот на САД и на растот на антиамериканско расположение во земјите каде таквите ги номинираат за дипломати од највисок ранг! Впрочем, истиот тој Бејли направи невиден хаос со бројни човечки жртви во "бунтот" што токму тој го оркестрираше на плоштадот Таксим во Истамбул.

Малку, сосема малку фалеше Турција да го прогласи за persona non grata и да го протера, што секако ке беше невиден скандал, но американците на време го повлекоа и ни го утрапија нам, во Македонија, каде направи невиден русвај со што - потполно непотребно, предизвика невиден пораст на антиамериканското расположение кај народот (а небаре сме стратегиски партнери!?)!

Си земам слобода да им сугерирам на 11те финансиски ревизори да се позанимаваат и со лицето Дејвид Стивенсон, којшто му беше цели четири години десна рака на Џес Бејли во егекуцијата на инструкциите од "длабоката држава" од Вашингтон!!! Не му беше доволно на Дејвид Стивенсон што под плаштот на дипломатскиот имунитет да ровари во нашата земја и да врши притисоци врз македонското судство, па сега се ушанчил во Специјалното јавно обвинителсто (СЈО), демек како советник, за да не уништи до крај преку реализацијата на сценариото што ни го стокмија ЦИА и Стејт Департментот.

Надвор такви валкани типови од светата земја Македонија!!!

САД и должат многу на Република Македонија! Додека нам ни даруваат проекти за јакнење на полициската држава (објекти за обука на полицајци во касарната во Ѓорче Петров, скутери за царината, чамци, амбулантни возила и сл, во Драч истоваруваат 300 текови и огромни количини друга воена опрема...

Да потсетиме и дека САД не ја признаа пресудата на судот од Хаг за прекршувањето на времената спогодба со Грција од 1995 и тие (САД) ни го стокмија сценариото за туркање на претходната легално избрана влада на РМ и наметнување на актуелната Квинслишка влада.
Случајот Бејли и неговото криминогено префрлање на средства од американските даночни обврзници преку агенцијата ЈуЕсЕјд (USAID) на оној белосветски хохштаплер Џоирџ Сорос и неговите инсталации во Македонија во вид на некакво си "Отворено општество" (читај ЦИА) е добар повод за преиспитување и коренито менување на американската надворешна политика кон нашата земја која беше и се надевам останува верен сојузник на САД и западот.
П.С. Се надевам дека некој од оние 250 македонски службеници кои работат во амбасадата на САД во Скопје ќе го преведат мојот прилог и ќе им го стават на располагање на 11те финансиски ревизори за да се збогати нивниот извештај од операцијата за финансиските злоупотреби на Џес Бејли.
Воедно и ним им ја честитам Новата 2019 година и посакувам и Стејт Департментот да го корегира нивниот став за преименување на нашата држава, промена на македонскиот Устав и за наш достоинствен влез (а не осакатени и преимеувани) во НАТО, и тоа по нивна заслуга!!!
22222Грдиот лик на Џес Бејли
 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.