Среда, 16 Јануари 2019   
Црн Петок за македонскиот народ!?

svekrva1Свекрва 

Црн Петок за македонскиот народ!?

На ден 11.01.2019 година (петок), со 81 глас „за“, во македонското Собрание беа изгласани уставните измени според кои Република Македонија согласно Преспанскиот договор ќе стане Република Северна Македонија. На овој ден, кој ќе остане запаметен како црн петок во македонската историја, двотретинското мнозинство од владаечката коалиција спротивно на вољата на македонскиот народ изразена на референдум, ги срушија темелите на државата на македонскиот народ. Сега се чека нарачателот да дојде со булдожер и да го расчисти градежниот шут, а македонските парламентарци слободно можат да си ги земат парталите и да си заминат дома од испоганетата институција која некогаш се викаше Македонско собрание. 

Осумдесет и еден пратеник на Собранието на Република Македонија во Петокот грубо ја погазија вољата на македонскиот народ кој на 30–ти септември 2018 година во огромно мнозинство со неизлегување на гласање покажаа дека не сакаат промена на уставното име. Тие го предадоа идеалот на генерации Македонци кои се бореа за независна и суверена македонска држава и со своите коски и крв ги поставија темелите на државноста на македонскиот народ. 

Овие македонски пратеници со својот потпис извршија промена на Преамбулата и фалсификат на македонската историја. Тие го избришаа придонесот на илјадници македонски борци и се откажаа од Илинденското востание и Крушевската Република (1903), од НОБ и одлуките на АСНОМ (1944), како и од референдумот за осамостојување на 8 септември 1991 година, но затоа во неа го запишаа изнудениот Рамковен договор (2001). 

Со изгласувањето на уставните измени со кои ќе дојде до промена на уставното име, спротивно на вољата на народот, власта изврши велепредавство. Тежината на злосторот уште повеќе ја зголемува што таа за да ја постигне својата цел - менување на уставното име на земјата -  применуваше насилни методи, уцени, задушување на секој народен отпор. 

Мошне чудно денес станува кога власта велепредаството го нарекува чин на патриотизам, злосторството врз сопствениот народ примена на демократија, а пропагандата во платените медиуми слобода на говорот, нешто што заедно не не‘ доближува до европските вредности, кон кои се стремине.    

Всушност, со овој чин власта предводена од Социјалдемократите направи огромни штети не само на својот народ, туку и пошироко во регионот и во Европа. Имено, со промена на Уставот Македонците останаа без своја држава, а Македонија без својот прав газда!? Стариот чувар на територијата нема повеќе што да чува и полека треба да си ги собере парталите и да си замине од сцената, а негово место треба да го заземе некој друг! Меѓутоа, прашањето е кој? Со ваквата промена во Преамбулата, премиерот Зоран Заев ја отвори Пандорината кутија, ја отвори вратата на пеколот.

Во услови кога Македонците „доброволно“ се откажаа од своето уставно име, историја и земја, што ако сега, некој кој владеел со оваа територија по Букурешкиот договор (1913) и Париските мировни преговори (1919) па се до Втората светска војна побара да си ја врати земјата. Исто така, што ако сега се појават кај другите соседи старите аспирации за македонската земја.  

Во услови кога САД, ЕУ и НАТО се соочуваат со оромни внатрешни проблеми и не можат да му парираат на растечката моќ на Русија, како и во услови на постојани тензии меѓу Белград и Приштиа, се е можно. Ни Тирана, ни Софија, ни Атина, па ни Погорица, нема да можат да ја спречат новата Балканска војна.  

Дали ќе дозволиме конечна промена на името, дали засекогаш ќе се откажиме од сопственото име зависи само од народот. Наметнатото од квинслишката, петоколоначка власт, име Република  Северна Македонија, не мора да биде трајно решение ако народот тоа не го посакува. Тој исти народ треба да спречи промената да влезе во употреба и да се одомаќини. 

За таа цел, едноставно македонскиот народ треба да ја продолжи борбата и да им каже на своите политичари и на сите соседи дека македонското вековито име не е на продажба.  

Македонскиот народ нема резервни татковини. Ако не сака да ја сподели израелската голгота од пред нашата ера, тој мора да ги поништи уставните измени од „Црниот Петок“ и да ја зачува и да се бори за својата земја преку зачувување на сопственото име, идентитет и култура.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.