|
|
Промоцијата на монографијата "Македонија, мој копнеж- Манојил Мане Јаковлески" од Киро Кипроски |
Промоцијата на монографијата "Македонија, мој копнеж- Манојил Мане Јаковлески" од Киро Кипроски Книгата „Македонија мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“ од Киро Кипровски, успешно го отсликува животот на човекот кој го посветил на својата татковина Македонија. Авторот говори за Мане кој воден од идеалите на македонските дејци со својата посветеност и самопрегор во работата, ја продолжува борбата за македонската кауза и станува еден од оснивачите на најголемата македонска партија ВМРО ДПМНЕ, која е продолжение на историската ВМРО и ДООМ. За ова, за неговиот живот и дело сведочи неговата исклучително богата архива. Само еден поглед на оваа документација е доволен за да се свати неговиот огромен ангажман и посветеност кон македонското дело, кое уште во времето на кумунистичкото едноумие ќе го привлече вниманието и ќе стане предмет на опсервација на тогашните безбедносни служби. Мане Јаковлевски со своите соборци, предводени од Драги Богдановски, го изоде патот кој доведе до таканаречениот „трет Илинден“. Книгата „Македонија мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“ говори за овие и други настани, покриени со тенката копрена на тајност и заборавеност. Исто така говори за порталот „Македонска нација’, преку кој Мане Јаковлевски продолжи со мисијата за ширење на вистината за Македонија, бидејќи таа мораше да се чуе, да се напише, да остане трага за идните генерации. Денес „Македонска нација“ е вистинска енциклопедија на македонскиот народ, место каде се говори и за онаа скриена историја од борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, но и за новите предавства кои водат кон разградување на државата на македонскиот народ. Промоцијата на монографијата "Македонија, мој копнеж- Манојил Мане Јаковлески" од Киро Кипроски ќе се оддржи на: 1 февруар 2019 (Петок) во 12.00 часот Музеј на Македонската Револуцинрна Борба-Скопје Македонска нација |