|
|
VERY HAPPY TOGETHER (МНОГУ СРЕЌНИ ЗАЕДНО) |
М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор VERY HAPPY TOGETHER (МНОГУ СРЕЌНИ ЗАЕДНО) Македонските медиуми објавија на 24 јануари вест, илустрирана и со колор фотографија, дека истиот ден во Давос, Швајцарија, се сретнале старите (!?) но големи пријатели Зоран Заев и, како што го нарекуваат "филантропот и инвеститор" Џорџ Сорос. Според едни мак-медиуми станало збоир за интензивирање на соработката на Македонската влада со Фондацијата отворено општество (што ја основа и финансира Џ. Сорос) за "обезбедување на подобри капацитети за преучилишно образование и поголемо вклучување на граѓани Роми во општествените текови", но според други медиуми (порталот Либертас) за "концептот отворено општество еднакво за сите и (внимавајте понатаму) кое останува основен столб врз кој ке се гради новиот лик на Република Македонија"!? Македонија, господине Сорос била и останува општество за сите во кое секој нејзин граѓанин, без разлика на пол, етницитет, вероисповест, или возраст ужива еднакви права гарантирани со Уставот, што не е секогаш случај со твојата татковина САД, каде си нејзин натурализиран граѓанин. Впрочем, господине Сорос, кој ти даде тебе право да солиш памет на други земји и да подметнуваш модели на општествено уредување според твојот вкус, или според вкусот на твоите ментори, во прв план ЦИА!? Дека Зоран Заев и Џорџ Сорос се стари познаници не е спорно. Нивното другарување особено е интензивно пред секои избори во нашата земја, особено изминативе десетина години, каде Сорос преку неговата мрежа на инсталации во вид на невладини организации што тој ги финансира, или преку фамозниот Фонд отворено општество пумпа пари во истите за туркање легитимно избрани влади или редефинирање на општества, по американски модел и вкус, се разбира, настојувајки да ги прикаже ефектите од таквите операции како небаре автентични домашни процеси (најсвежи случаи со Македонија и Венецуела). Фондот Отворено општество не е ништо друго току само обична алатка на "длабоката држава" во САД, неспорен изум на онаа злосторничка ЦИА со единствена цел да го оцрни и отстрани секој што не им е по ќеиф и што е прерчка за поставување на "основниот столб врз основа на кој ке се гради новиот општествен лик во земјата, како во случајот Македонија" Впрочем, го видовме тоа со свои очи, но и го почуствувавме и на своја кожа во текот на минатогодишните избори кога Американската амбасада во Скопје без око да и трепне, префрлаше пари од американските даночни обврзници преку ЈуЕсЕјд на организациите финансирани од Сорос за да форсира домашни таканаречени ЕнЏиО, или да урнисува ликови и легално избраната влада што не им беа по воља. Но кој е вистинскиот Џорџ Сорос, милијардер, филантроп и инвеститор! Лице што се расфрла со милиони но во строго прецизно определени проекти? Не! Напротив! Да почнеме, на пример, под неговите "силни". милијарди. Според ФОРБС (глобална медијска компанија специјализирана за бизнис), Џорџ Сорос го дели 190то место со повекемина богаташи, на списокот најбогати луѓе на планетава и тежи осум (8) милијарди долари, а според листата на Гугл на најголеми милионери на светот Сорос е дури на 242то место според големината на неговото богатство што изнесува осум (8) милијарди долари. Ако е така, а сосема сигурно е така, тогаш што требаше да значи информацијата објавена минатата пролет дека филантропот Џорџ Сорос наводно донирал 18 милијарди долари за гобалниот фонд Отворено општество? Дали Сорос ги донирал неговите осум милијарди долари, а некој друг му додал уште 10 милијарди долари (кој би можел да истури толку пари?) Нешто во математикива ќе признаете не штима, зарем не??? Минатата пролет еден македонски портал пренесе информација, превземена од американски медиуми, а се однесува на работењето на Волстрит, во која се цитираа изјави од професионални брокери според кои "најнеобичен играч на Волстрит бил токму Џорџ Сорос"! За разлика од речиси без исклучок сите брокери кои секојдневно следат понуда и побарувачка на стоки и услуги и раст или пад на цените на стоки и услуги на Волстрит, Џорџ Сорос донесувал одлуки за да инвестира буквално од денес - за утре!? Тоа е донекаде и разбирливо бидејки д р у г педантно следи што се случува на Волстрит и му поренесува на Сорос (тој не е луд да се расфрла со милиони без да е сигурен за неговата инвестиција), по што тој купува, или продава акции. Тоа за Сорос се разбира го прави ЦИА, т.е нејзините соработници кои дежураат (а можеби и местат трендови на берзата) на Волстрит. Епилогот се знае: голем дел од профитите од печалбите што Сорос ги остварува на Волстрит одат за финансисрање на активности на фондот Отворено општество, покрај другото и за туркање на легитимно избрани влади, како во случајот на претходната влада на Македонија! Но да се вратиме на средбата во Давос. Не знаеме што точно разговарале и се договориле Зоран Заев и Џорџ Сорос во Давос и тоа сега, пред претседателските и можните парламентарни избори. Секако не за мода, спорт или можеби за жени (Сорос со своите 88 години претпоставувам е престар за такви работи). Но дела милуваат н а м е н с к и да се гледаат е сосема извесно. Таква средба имаше и на 26 јуни минатата година, за време посетата на Австрија, кога Зоран Заев мимо официјалната програма што му ја подготвија австриските домаќини, се сретна со Џорџ Сорос во неговиот приватен апартман хотелот Риц-Карлтон во којшто се влегува дирекно со страничен лифт! Колку кешираше Сорос во таа прилика за парламентарните и локалните избори не знаеме, но владиното авионче со кое патува Зоран Заев може да понесе прилично многу кеш, и тоа без да поминат преку царински контроли. Долуприложената фотографија од Давос можеби ги прави среќни двајцата содружници во разнебитувањето на Македонија и нивни подржувачи, но за другите што не мислат како нив таа фотографија треба да е опомена дека подземната мисија за целосно разнебитување на Македонија не е докрајчена и сосема веројатно следно поглавје ке биде да се освојат по секоја цена и следните претседателски а можеби и вонредно парламентарни избори за досието "Македонија" што ни го зацрта "длабоката држава" и ЦИА преку Џорџ Сорос да се докомплетира и така да се зацрта, како што е кажано погоре, "новиот лик на Македонија". |