Среда, 13 Февруари 2019   
За да стане членка на НАТО, Република Македонија раководена од социјалдемократите го смени сопственото име

svekrva1Свекрва

За да стане членка на НАТО, Република Македонија раководена од социјалдемократите го смени сопственото име

Владата на Грција испрати официјална дипломатска нота со која ја известува владата на Зоран Заев дека ја завршила ратификацијата на Преспанската спогодба и Протоколот за пристапување на т.н. Северна Македонија во НАТО. Следен чекор на владата на Заев е да објави во службен весник дека законот за промена на името, односно дека почнува да се применува новото име на државата Република Северна Македонија.

Иако е спротивно на вољата на мнозинскиот македонски народ, владата на Заев и грчката влада ќе испратат заедничко писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во кое ќе го информира дека спорот околу името за нив е решен и дека ова прашање е затворено. По ова владата на Заев ќе го информираат Секретаријатот на ОН, земјите-членки на ОН, како и сите меѓународни организации за новото уставно име на државата. Исто така, во рок од недела дена, марионетската скопска влада ќе ги промени официјалните табли на државните и јавните институции, граничните премини, како и дипломатските и конзуларните мисии, со нови веќе подготвени табли со новото име.

Срамно но вистинито.

За да стане членка на НАТО, Република Македонија раководена од социјалдемократите го смени сопственото име во Република Северна Македонија. Оттука ниту една членка на НАТО пактот не може да смета и да и верува на држава дека озбилно ќе ги брани интересите на Алијансата, ако не можеше да го одбрани ни сопственото име. Така да по губењето на образот, дури и да биде нападната, и покрај тоа што Македонија има многу направени за НАТО, ниту било која членка Алијансата нема да испрати војска за да ја брани. Напротив со своите постапки членките на НАТО и ЕУ помагаат од македонската композиција да се издвои албанскиот воз, а кој вози во сосема друг правец.

За да се изврши ова рекомпонирање, центрите на моќ го доведоа Зоран Заев на местото премиер, а Талат Џафери на местото претседател. Иако не успеаа да го зациментираат со референдумот, тие без да ја почитуваат вољата на народот, Уставот и Законите го сменија името, а албанскиот го направија равноправен со македонскиот што е основ за федерализација и поделба на земјата.

Настаните во Министерството за култура по рапределбата на средства со кои се исклучени бројни македонски институции и ораганизации, со што е доведено во прашање одржување на низа настани за зачувување на македонската култура, а се фаворизираат албанските, само покажува во кој правец ќе се движат овие две композиции.

Ете тоа е демократија која можеме да ја видеме на дело, а ни ја донесоа центрите на моќ со своите инсталации во власта. Господ нека му е на помош на Македонците со владата на Заев. Дури сега, кога Македонија е со едната нога во НАТО, владата на Заев ќе започне со поголеми зафати во даночната сфера за купување на застарело оружје, а Македонија  ќе стане депонија, каде ќе дојде до израз радиоактивното загадување.

Инаку, македонската сага за НАТО започна уште во декември 1993 година, кога Собранието на Македонија донесе одлука за зачленување на Македонија во НАТО. Во ова време кога Југославија крваво се распаѓаше, НАТО пактот го имаше дефинирано проширувањето со посебен акционен план, во кој покрај Македонија, ги опфаќаше Албанија, Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Словенија и Словачка и нешто подоцна на листата допишана е Хрватаска. Сите овие земји, како и Црна Гора, кои во моментот на создавањето на акциониот план не постоеше како независна држава, во меѓувреме беа примени во Алијансата, додека Македонија поради противење на Грција беше надвор од фокусот на стратезите на НАТО.

За Македонија, патот до Брисел беше комплициран уште од самиот почеток, бидејќи на тој пат беше испречена непријателски расположената Грција. Во 1994 година, грчкото ембарго на Македонија се закани да стане сериозен конфликт. По интезивната дипломатска активност, грчкото ембарго беше укинато 18 месеци подоцна, откако претставниците на Атина и Скопје потпишаа привремена спогодба во Бургас. Штетата предизвикана од економската блокада врз Македонија беше проценета на 2 милијарди долари.

По укинувањето на ембаргото македонско-грчките односи продолжија во голема мера со меѓусебните обвинувања и повикување на историското наследство, но Македонија суштински не напредуваше кон членство во Алијансата, иако Скопје и Брисел во принцип не го напуштија таквиот исход. На 15 ноември 1995 година - Република Македонија како 27-ма земја членка пристапува кон програмата Партнерство за мир (ПзМ). Станува членка на Северноатлантскиот совет за соработка. Самото пристапување кон ПзМ беше условено со претходно членство во ОБСЕ, кое пак беше блокирано поради спорот со името со Република Грција.

Во декември 1995 година склучен е Договор РМ-НАТО за транзит на силите на ИФОР/СФОР низ територијата на Република Македонија. Договорот беше продолжен на 18 и 26 декември 1996 година. На 17 и 19 јануари 1996 година е извршена размена на писма со кои е склучена Спогодбата за безбедносни аранжмани меѓу РМ и НАТО. Од тогаш па се до 1998 годинаима повеќе активности меѓу Алијансата и Македонија.

Сепак, конфликтот во Косово, а подоцна и почетокот на бомбардирањето на Србија во март 1999 година донесе новa динамика во процесот на пристапување на Македонија, толку побрзо бидејќи цела низа американски и други западни дипломати, цврсто им ветија на Македонците забрзан пат кон НАТО доколку Македонија ги прими бегалци од Косово и дозволи на силите на КФОР да воспостават логистички бази на територијата на Македонија.

Во април 1999 година, на Самитот на НАТО во Вашингтон Република Македонија заедно со уште девет земји беше вклучена во Акциониот план за членство. А во март - јуни 1999 година, Македонија беше клучен партнер на НАТО во Косовската војна, помагајќи ги операциите на НАТО и обезбедувајќи прибежиште за косовските бегалци.

Македонија крајот на војната во Косово го дочека со надеж дека ќе се приклучи кон Алијансата, но овие планови пропаднаа во неповрат на почетокот на 2001 година кога првите членови на УЧК се појавија на ридовите околу Тетово и Куманово, па во фокусот на македонските власти, наместо атлантската интеграција, наскоро премина во борба за опстанок на државата.

Со интензивирањето на конфликтот во 2001 година, патот на Македонија кон НАТО беше прекинат подолго време, но две години подоцна Скопје, со испраќањето на воени контингенти во Ирак и Авганистан, се обиде да го обнови процесот на пристапување во Алијансата.

Иако внатрешнополитичките причини за одложување на членството на Македонија во НАТО постепено исчезнаа, не исчезна и решеноста на Грција да ја спречи Македонија да влезе во евроатлантските интеграции под уставното име. Ветото на Грција на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, беше удар за САД. Од тогаш меѓународната заедница, покрај вербалната поддршка на земјите да најдат решение, не беше премногу загрижени за македонските проблеми. Атина и Скопје повремено ги посетуваше специјалниот пратеник на ООН Метју Нимиц, кој цели две децении се обидуваше да ги убеди Македонците и Грците да прифатат едно од безбројте повеќе или помалку креативни решенија.

Меѓународната заедница, особено членките на НАТО заборавија на улогата на Македонија и нехзиниот допринос за време на Косовскиот конфликт. Наместо награда, центрите на моќ го инсталираа Заев на власт во Македонија. Така да,  конечното решение за спорот меѓу двете земји мораше да почека до доаѓањето на власт на владата на Зоран Заев, кој во преговорите со Алексис Ципрас успеа за рекордно кратко време да дефинира спогодба со кој 20-годишниот спор беше ставен ад акта. Но тоа го направи срамно, со промена на уставното име и без согласност на народот.

Преспанската спогодба меѓу Заев и Ципрас, во голема мера поддржани од САД и ЕУ, со кои се договорени уставните измени и новото име на Македонија - Република Северна Македонија, по контроверзниот референдум во Македонија, на мускули беше ратификувана во парламентите на двете држави.

Со ратификацијата на Преспанската спогодба и Протоколот за пристапување на т.н. Северна Македонија во НАТО, Макеонија е со една нога во НАТО. Нејзиниот влез во Алијансата може само да го спречи сценарио слично како во 2001 година. Некои настани укажуваат на нови етнички тензии, кои можат да ја одалечат државата од НАТО и со променето име.

Но без разлика на се останува срамот од промена на името. Сега останува само на прогресивните македонски сили да го обелат образот, да ги вратат одземените ингеренции и да си ја повратат државата, името и идентитетот. Борбата ќе биде долга, но правдата мора да победи.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.