Среда, 27 Февруари 2019   
Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!

1 11Македонска нација

Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!

Нашата мила татковина Македонија била некогаш една од најславните земји

Самуил, Кирил и Методиј, Охридската книжевна школа и Охридската архиепископија.

Сепак, денешната ситуација во Македонија, најдобро ја отсликува Манифестот на привремената влада на Македонија од 1881 година во кој се вели:

„Нашата мила татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ, исто така удирајќи ги првите темели на воената вештина, со своите победнички фаланги и Аристотеловата просвета го цивилирала човештвото и Азија.. Но таа некогаш толку славна наша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и заборавање на нашето потекло. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која, светејќи со таков сјај, не може и нема никогаш да пропадне. Таа станала како некоја вдовица, толку грозно ја напуштиле нејзините синови. Не го развева повеќе знамето што го носеа во триумф победничките македонски војски. Таа денес е само географски поим. Како да се настојува нејзините победнички белези да бидат прикриени со покривот на заборавот. Гробот и’ го ископале нејзините интриганти кои, крстосувајќи ја нашата земја и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гробари на големата и славна татковина... Со минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македонија нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт.

Вистински Македонци, верни деца на татковина!

Зар ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погледајте ја како е покриена во ропство и со рани што и ги направиле околните народи. Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова! Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми! Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишат зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам. Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него: Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!“

Овој манифест покажува дека историјата како да ни се повторува. И денес имаме Македонци кои заборавиле на своето потекло, на Александар, Филип, Аристотел, Кирил, Методиј, Гоце Делчев, Ќосето, Мајка Тереза и т.н.

Денес бескичмената врхушка на СДС без срам ја распродава земјата. Тоа се лица кои ја напуштиле својата мајка Македонија. Но, таквото однесување ќе ги обедини Македонците и ќе дојде денот кога на редовни или превремени парламентарни избори ќе ја избркаат оваа ненародна влада.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.