Среда, 27 Февруари 2019   
Единствен спас за Македонија е владата предводена од Зоран Заев што побрзо да замине од власта

svekrva1Свекрва

Единствен спас за Македонија е владата предводена од Зоран Заев што побрзо да замине од власта

Поранешниот грчки министер за одбрана Панос Каменос неодамна во интервју го нападна Преспанскиот договор и изјави дека Грција за 20 минути би ја зазела Македонија. Тој за грчкиот телевизиски канал ТРГ ќе рече: „Ние не чувствуваме никаква закана. Скопје е работа од 20 минути. Ако трупа тенкови решат да ја преминат границата, ќе стигнат до другата страна на Скопје. Ќе стигнат до Србија.“

Панос Каменос ова го изјавува во време кога Србија и Косово, под притисок на САД, ЕУ и НАТО, договараат размена на територии. Имено, како што пренесува германски медиум, ЕУ и САД го усогласија текстот на договорот за решавање на косовското прашање, кој предвидува поделба на Косово и размена на територии меѓу Белград и Приштина.

Дури ни Преспанскиот договор и влезот на Македонија во НАТО не можат да го спречат домино ефектот кој ќе излезе од поделбата на Косово. Како прво двојазичноста води кон идна поделба на Македонија, а и евентуалниот договор меѓу сегашните коалициони партнери во власта СДСМ и ДУИ, за попис на населението идната година во кој би била и графата за етничка припадност нема ништо да значи, бидејќи уште во 2004 година СДСМ ги исцрта границите со територијална поделба, тепајќи го својот народ во Струга.

Тоа што се случува сега меѓу Приштина и Белград говори дека границите не се вечни. Имено границите се неповредиви од позиција на меѓународното право, односно со сила не можат да бидат доведени во прашање. Но, тие не се неприкосновени. Границите можат да се променат ако двете страни се договорат.

Овој принцип признат во 1975 година на Хелсиншката конференција, а преставен во 1990 година му овозможи на двете Германии да се обединат по падот на Берлинскиот ѕид. Но тоа што важи за Германците, не важи и за Македонците чија територија беше поделена во 1913 година во Букурешт. Постапките на владата на Заев ја доведе во прашање иднината на земјата без разлика што и се ветува брзо зачленување во НАТО.

На почетокот на деведесетите години на минатиот век, по распадот на Варшавскиот пакт, СССР и СФРЈ, во Европа биле воспоставени 22 нови граници. Но доколку сега дојде до спогодба меѓу Белград и Приштина, тоа би биле за прв пат воспоставување на граници по етнички принцип. Ваквиот расплет на Балканот каде етничките прашања не се затворени, предизвикува внимание кај сите па и кај Грците.

Грција стравува од евентуалните промени на границите во регионот, особено од можната поделба на Македонија меѓу Албанија и Бугарија, Оттука, поранешниот грчки министер за одбрана Каменос опоменува дека тоа нема да го дозволат и дека грчките тенкови за 20 минути ќе ја завземат Македонија и ќе стигнат до Србија.

Меѓутоа, новиот министерот за одбрана на Грција, Евангелос Апостолакис, свесен за состојбата на патиштата во Македонија и неможноста да се спроведе 20-минутен Блиц криг во Македонија дава пософистицирана изјава и вели: „Спроведувањето на Договорот од Преспа и интеграцијата на Македонија во НАТО создаваат предуслови за зајакнување и проширување на соработката со соседната земја во областа на одбраната, зацврстувајќи ги взаемните односи и обезбедувајќи повеќе бенефиции што не се ограничени само на одбранбениот сектор.

Всушност, нашиот потенцијален придонес во трансформацијата на вооружените сили на Македонија ќе ги оддалечи другите регионални кандидати кои би можеле да се обидат да извлечат корист и да извршат влијание врз соседот. Нашиот стремеж е нашата земја да стане главен стратешки одбранбен партнер на Македонија во одржување на мирот и зајакнување на соработката на Балканот.

Иако во овој моментот не се познати други јавни предлози, размената на територии меѓу Белград и Приштина може да ги потпали и другите делови на Балканот за прекројување на границите по етнички принцип, како на пример Србите во Босна, Албанците во Македонија, Турците во Грција, Грците во Албанија, Унгарците во Романија, Романците во Молдавија и т.н.

Тоа ќе ги размрда не само грчките тенкови, туку и тенковите на сите балкански армии. А тоа ќе доведе одново до нови крвопролевања и етнички чистења, нешто веќе видено за време на војните при распадот на Југославија и при интервенцијата на НАТО на Косово.

Единствен спас за Македонија од ова сценарио е оваа разорна власт која потфрли во одбраната, контролата на внатрешните работи и владеењето на криминалот, да си замине. Начинот на кој што ќе си замине побрзо и најефикасно е пораз за СДС на идните Претседателски Избори.
Македонскиот народ мора да се мобилизира и да ја даде целата своја поддршка на единствениот кандидат кој ќе ги штити македонските национални интереси, професорката Гордана Силјановска Давкова. Со нејзината победа таа ќе ја врати правдата и стабилноста во земјата, како што тоа досега го правеше Претседателот Ѓорге Иванов.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.