Вторник, 05 Март 2019   
Со бојкотот на Претседателските избори ова самоволие на власта ќе продолжи

mane 1Манојил (Мане) Јаковлески

Драги мои Македонци, со бојкотот на Претседателските избори ова самоволие на власта ќе продолжи

Помешаните чувства на лутина и болка од последниве неколку скандалозни години во кои Македонија изгуби многу под елитистичката власт на СДС сеуште се тука.

Лут сум на сите оние кои заради лични интереси помогнаа циркузанти да ни ја водат државата.

Лут сум и на сите оние кои ги донесоа циркузантите на власт. А како поинаку да ги нарекуваме шутовите кои служат за потсмев во целото соседство, па и пошироко? Како поинаку можат да се наречат оние кои едно зборат наутро, а со сосема спротивен став си легнуваат?

Нашето име не е случајно. Само одбраните имаат чест да се нарекуваат Македонија и Македонци. Издигнете се над скандалозното секојдневие, над минливите земски придобивки и зачувајте ја светоста на нашето свето име Македонија. Не чека тежок период, период во кој повторно и’ требаме на Македонија. Но, не со бојкот, туку со масовна излезеност на Претседателските избори.

Ако некој е заведен и размислува да ги бојкотира претстојните Претседателски избори сакам да го потсетам што ќе ни се случи доколку се одлучиме за бојкот.

Драги мои, во прв круг на претседателски избори потребен е минимум на излезност на гласачи, односно цензус НЕ Е предвиден согласно Устав и Закон. Тоа значи дека дури во прв круг да излезат и само 300.000 гласачи, во втор круг ќе поминат првите двајца кандидати за Претседател кои имаат најмногу гласови.

Така што, бојкотирање на претседателски избори во прв круг е во интерес на само и само СДС, во никој случај во корист на Република Македонија.

Во случај да нема потребен цензус во втор круг на гласање на овие претседателски избори, односно да не излезат да гласаат 40% од вкупно запишаните гласачи во избирачки список, согласно Устав и Закон, ингеренциите на Претседател на Република Македонија ги презема незаконски избраниот Талат Џафери. Ова повторно е во интерес на коалицијата СДС и ДУИ, а не во интерес на македонскиот народ.

Исто така, СДС веќе најави дека доколку не се избере Претседател на Република Македонија на овие непосредни избори истите заедно со нивната коалиција која што повеќе од јасно е дека има 2/3 од пратениците во Собранието на Република Македонија, ќе го промени начинот на избор на Претседател на Република Македонија, односно истиот во иднина ќе се бира во Собранието на Република Македонија.

Значи со бојкот на прв и втор круг им се овозможува на овие циркузанти да изберат Претседател на Република Македонија по нивна волја, со гласање во Собранието, кој што сигурно во иднина нема да ги штити интересите на македонскиот народ.

Ако граѓаните на Република Македонија не излезат на овие избори во огромно мнозинство и при тоа не дадат поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска, Давкова, за да биде Претседател на Република Македонија, ќе се овозможи апсолутна власт на сите институции во државата. СДСМ ќе има апсолутна власт како на државно, така и на локално ниво.

Ваквата ситуација никој разумен граѓанин на Република Македонија не смее да ја дозволи. Секој Македонец кој ја спроведува идеологијата на четирите букви ВМРО, треба да биде буден и да внимава на замката која ни ја мести СДС.

Да ја подржиме професорката Гордана Силјановска Давкова за Претседател на Република Македонија.

Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите. Да го направиме последниот напор и да останеме заедно, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за Македонија!!!

Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг!

МАКЕДОНИЈА НАД СЕ‘!

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.