Весна Атанасовска (Маневска)
Неправди кон една мала држава, еден мал народ и нација
Во сите држави неминовен е процесот на глобализациј кој што го отвара размислувањето и дејствувањето на политичарите и луѓето во еден поширок свет – Глобалниот, нити видлив, нити јасен за обичниот човек. Глобалниот свет почнува да функционира според критериуми и норми за кои се тврди дека се прифатливи за сите, но колку е тоа така? Има ли исти параметри за секого во таквата логичка рамка? Но при создавањето на овој глобален свет и применувањето на меѓународните стандарди треба да се запрашаме дали можеме како држава да се прилагодуваме, но и тоа како сме прифатени од нив, нивниот однос кон нашата држава, нација, менталитет. Дали „тие“ можат ова да го разберат ? За жал сведоци сме на тоа дека во Македонија се применува моќта од политички причини наместо правото.Последнава година сервиран ни е токму овој невиден феномен, промена на уставното име на државата, со низа незаконски дејсвија под палката на политиката. Нели би било подобро за прашања од национален карактер да се решат со национален консензус. Само така договорите ќе опстојуваат и нема да подлежат на негодување и (не) спроведување од било која наредна власт. Целата оваа постапка за промена на името на државата, беше подржана од јавни личности во политичкиот живот на европа и никој како во извештаите на еу не прозборе за постапката и кршењето на правото на еден народ, една нација како Македонската.
Европската унија која навидум е почитувач и спроведувач на еден од темелните вредности на копехагенските критериуми но и најбитно почитувањето на човековите права и слободи и правото на самоопределување , премногу лицемерно се однесуваше кога ни постави услов: Аако сакате да се интегрирате во ЕУ ( почитувачот на човекови права ) сменето го името на државата. Нели е ова газење на човековите права на еден народ, понижување на една нација и споведување на една проѕирна лицемерна политика.
Примената на двојни стандарди едни за сите и други кои во миг се менуваат за Македонија, за нас станаа реалност. Дали им е јасно на „глобалните“ дека Балканот е „буре барут“? ако сакаме да не експлодира, сите блакански држави мора да се придржуваат и да ги почитуваат општо прифатените стандарди пред се за малцинските права. Затоа што Балканските држави се испреплетени како јазли - секој некаде е малцинство. Нели е многу чудно што во 1992 е сменет уставот на Р.Македонија кој предвидуваше заштита на Македонското малцинство во соседните земји од матичната земја. Зошто кај нашите соседи не постои можност за изразување на етничката припадност на Македонците? Но, затоа Македонија е пример за земјите во ЕУ и сите наши соседи. Ние како држава веќе на дело покажуваме како можеме и колку ги штитиме малцинските права денес и дури и со Законот за употреба на јазиците.
Зошто меѓународната зедница за овие прашања не упати забелешки, онаму каде што навистина треба, кај сите наши соседи кои некои се и членки на ЕУ? Потоа сведоци сме на една вонинституцинална ,процедура ,,Рамковниот договор“- кој е класичен глобалистички реквизит, за кој не се изјаснија граѓаните на Македонија и кој со примена на сила за првпат во историјата на конституционализмот ја смени преамбулата без да се донесе нов устав. Во САД и по 200 години преамбулата на уставот е иста. Менталниот склоп на Македонските граѓани е таков што при секое детектирање на неправда кон сопствената држава силно согледува и ја осудува. Тенденцијата за градење универзална култура е политичка неминовност но, не на штета на националната или со нејзнино трансформирање, претопување или уште помалку менување или исчезнување . Старите дефинирани меѓународни правила сеуште важат. Во ова смисла како меѓуародната заедница влијае во македонската приказна, колку беше праведна и дали помогна при реализирањето на меѓународната политика или водеше политика на двојни аршини? |