Понеделник, 11 Март 2019   
Стани таен агент, сликај го Пендаровски

1312

Стани таен агент, сликај го Пендаровски

Само што не започнала официјалната кампања за Претседателските избори, во таборот на сдс почна да се чувствува параноја. Ако ја оправдуваме, може слободно да се каже дека е свесно префрлање на вина и „оправдување“ за идната загуба на Пендаровски од Силјановска-Давкова.

Замислете, ни повеќе ни помалку, Стево Пендаровски е следен од тајни странски служби низ град кои го сликаат на секој негов чекор. Како да е Пендаровски некој анонимен и обичен граѓанин кој не е секојдневно на телевизија и никој не го знае. Тој јавно изјави дека во државава никој не е сигурен и дека во нашава држава работеле странски служби и види мајката, тие биле блиски до опозицијата.

Ова е доказ дека Пендаровски е несозреан политичар, новокомпониран европјанин, кој по несреќа повторно е кандидат за претседател на Република Македонија од СДС.

Дочекавме Пендаровски да ни каже дека е опасно да живеме во нашата татковина, Пендаровски кој е човек од власта признава дека Македонија не е безбедна држава. Овојпат тој отворено го напаѓа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека е неспособен и дозволува странски служби да се шетаат низ земјава и да фотографираат политичари и кандидати за Претседател. На ова се надоврза и Кирацовски, кој побара одговор од Спасовски.

Врз основа на чувство дека не е безбеден, Пендаровски го обвини Спасовски за загрозување на безбедноста на целата држава. Па, дали тие таму во СДС имаат некаква координација за соработка или си вадат очи едни со други на сметка на функционалноста на државата?

Си играат со функциите, со народот, па и со стабилноста на Македонија. Како мали деца кои имаат улога во детска претстава.

Пендаровски параноичен, седнат во своето „југо“, следен од странските служби блиски до опозицијата, на крај ќе го удри реалноста повторно во глава кога по вторпат ќе изгуби на изборите за Претседател на Република Македонија.

Овојпат ќе изгуби од жена која пред себе и позади себе се борела за право и правда.

Гордана Силјановска ги посети сите краишта на Македонија, слободна и неоптеретена од параноични мисли како Пендаровски, затоа што е убедена дека овојпат народот повторно ќе избере одговорен човек на чело на државата. Овојпат народот ќе избере мајка на нацијата.

Жал ми е Пендаровски, лагата со странските служби кај народот не ти поминува.

Манојил-Мане Јаковлески

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.