Среда, 13 Март 2019   
Заевистите на владина седница избришаа се што е македонско

1 1aСвекрва

Заевистите на владина седница избришаа се што е македонско

Во XII век историчарите пишувале за постоење на Македонци, а денес за владата на Зоран Заев не е пожелно институциите да го носат македонското име.

Согласно преспанскиот договор, Владата на седница донесе одлука за промена на називите на 136 државни установи. Така, Македонска опера и балет е преименувана во Национална опера и балет, Македонска пошта ќе биде Национална пошта, Македонска радиотелевизија ќе биде национална радиотелевизија и т.н. Она што не можеа историчарите да го направат низ вековите, Заевистите со одлука на Влада избришаа се што е македонско.

Бројни се историските документ кои говорат за Македонија и Македонците, кои не само што постојат на овие простори, туку се разликуваат од Србите, Бугарите, Грците и Албанците.

Само за потсетување, непознат унгарски хроничар кој се потпишувал како Аноним (Р. Маgiѕtег) и кој бил нотар на унгарско-хрватски крал  Бела III (1172- 1196), од династијата Арпади, во своето дело „De gestis Hungarorum liber (Gesta Hungarorum)", пишувајќи за почетоците на владеењето на династијата Арпади во IX век меѓудругото ќе напише:

„ Откако поминаа неколку дена, Зуард и Кадузе (војсководци на Арпад) со сета своја војска ја препловија водата на Дунав и ја зазедоа тврдината Берон (Беронс, Браничево, денешниот Костолац). Потоа отидоа кај тврдината Сердика. Слушајќи го ова, граѓаните Бугари и Македонци (Сives Bulgarorum et Macedonum), многу се исплашија од нивниот изглед. Тогаш сите жители на оваа земја испратија пратеници со многу дарови за да им ја потчинат земјата и да ги дадат своите синови како заложници...“

 [Anonymi (Р. Маgiѕtег) Gesta Hungarorum,Scriptores rerum Hingaricarum tempore ducem regumque stirpis Arpadianae Gestarum. Vоl. I (Edendo ореri praefuit Е. Ѕzentpetery), Виdареstini 1937, р. 91, 92.)]

Иако постојат низ вековите, сплетот на историски околности доведе да Македонците последни ја создаваат својата држава. Меѓутоа, иако македонската територија била окупирана од туѓи војски, Македонците не дозволиле да се асимилираат, ниту пак некогаш сами се избришале од историските документи. Секогаш, тие го држеле својот континуитет повикувајќи се на своите корени од антиката, од времето на Филип и Александар Македонски.

После долги години живот под окупација, Македонците создале сопствена држава на еден дел од својата територија. Меѓутоа, при сопствена држава, од никој не присилени, Заевистите си доволија луксуз без да го прашаат народот да ја ревидираат историјата, да го избришат македонскиот народ, неговиот јазик и култура.   

Дури и кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател на државата Стево Пендаровски, кој треба да го брани Уставот и законите, како и националните интереси на државата, запоставувајќи го сопствениот мнозински македонски народ, во тв емисија меѓудругото ќе каже: „Не смеевме да имаме етнички наслови на институциите..“

Ако преставниците на македонските власти сами го убедуваат народот дека треба се сменат насловите на институциите и се што е македонско да се избрише и замени со национално, тогаш сосема лигично е Грците како и Бугарите да ја третираат македонската нација како производ на Тито. Односно, спротивно на историските факти, официјално да говорат дека зборот Македонија е грчки збор, а античките Македонци се Грци.

Заевистите со овој чин го бришат не само името, туку го менуваат идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ. Заевистите како да се паднати од небо, како да не се од овој свет. Ако вака продолжат со менувањето на името на секоја македонска институција, на крајот ќе му го сменат и полот и потеклото на македонскиот народ.

Всушност ќе направат дека секој Македонец потекнува од бесполни вонземјани. Со други зборови Заевистите велат дека Македонците не се вклопуваат ниту во еден човечки род, бидејќи се вонземјани.

Меѓутоа, колку и да Заевистите ги трансферираат Македонците во бесполови вонземјани, тоа може да биде само краткотрајна состојба. Набрзо потоа ќе сфатат дека се било залудно, и дека без корени, без минато, нема иднина. Исто така ќе сфатат дека колку и да се брише македонското име тоа не може за стално, за век и веков да се избрише.

Многу освојувачи се обидувале да му го сменат името на Македонецот, но не успеале, бидејќи македонското име е вечно и му припаѓа на македонскиот народ.  

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.