|
|
Скелетот на еден заробен правосуден систем |
Свекрва Скелетот на еден заробен правосуден систем Актуелната состојба со правосудството нема никаква врска со било каква постоечка суштинска реформа. Формално делумно се усвоени некакви европски и меѓународни норми, но суштински форматот на правосудниот систем е од времето на кралството СХС. Од каде ова тврдење? Прво, во Македонија опозицијата, исто како во СХС, се третира како антидржавен елемент. Второ, како во времето на Никола Пашиќ така и денес, нашиот премиер се става во улога на апсолутен контролор на сите процеси во државата во која речиси и да нема живот за НЕчленовите на неговата партија. Ерата на комунизмот во Македонија суштински само го надгради вака поставениот правосуден систем. Она што почна од 2015 и сеуште трае е само копија на истата фаза од 1948 до 1953 кога на тогашната исто како и на сегашната власт и беа потребни судии кои ќе испратат на Голи Оток, односно Шутка, луѓе без ниеден суштински доказ. Во тоа време, се појави и тајната полиција наречена ОЗНА и УДБА, чиј горд наследник ако ја отворите веб страната на МВР денес е УБК. Оваа институција беше и остана инструмент за мултиплицирање на заканите и уцените од власта. Неслучајно постојат паралели и миксови меѓу временскиве фази бидејќи не постојат разлики во делот на начинот како, за жал, денес функционира правосудството. Звучи неверојатно, но досега не постоела ваква систематска политика на прогон преку Заев и СЈО врз членовите на ВМРО дури ни кога во 20тите во СХС била формирана Комунистичката партија на Југославија на чело со Филип Филиповиќ. Од каде е оваа манијакална желба за прогон на Заев? Има тука од се по нешто. Прво е желбата за одмазда врз оние кои го открија неговиот криминал со случајот ГЛОБАЛ за кој мораше да биде аболиран. Второ е неговата улога во презентацијата на бомбите во 2015 година. Трето и најважното е неговото опкружување. Негово друштво се луѓе кои целиот работен век го злоупотребувале полицискиот и правосудниост систем по неколку генерации во семејството и поради тоа добива порив и енергија истото да го прави и самиот. Наместо раст, инвестиции и развој, клучни зборови на половината од неговиот мандат се: рочишта, притвори, случаи. Луѓето кои денес на Заев му ја сервираат оваа агенда ќе бидат истите кои него ќе го однесат на рочишта. На овие судии, обвинители, инспектори и полицајци оваква Македонија им е идеално место за живеење бидејќи само во ваква држава тие се владеачка каста. Ним не им требаат инвестиции, нови технологии или развојни проекти, напротив им сметаат. Ним, раководни кадри од странство во успешни македонски компании им се проблем оти ќе нема како да ги уценуваат. За жал, дел од претставниците на медиумите се вовлекоа во оваа филозофија и со тоа ја создадоа најфункционалната спрега во Македонија која преку обвинителски брифинзи со подобни новинари предвреме ги осуди неподобните во ерата на Заевизмот. |