|
|
Консензуалниот кандидат на Калето |
Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор Политичка тема Бр. 1 за јавноста во Р е п у б л и к а Македонија, но се разбира и за јавноста надвор од нашите граници (секако не само за Македонската дијаспора, туку и за многу подземни и надземни структури од странство) се престојните претседателски избори. Сега, кога прелиминарната фаза со жонглирање со имиња на бројни можни кандидати за иден татко или мајка на нацијата е зад нас и кога ни преостанува да дебатираме кој е за, или против некој од кандидатската тројка на кандидати (Гордана Јанкулоска, Блерим Река и Стево Пендаровски), ни преостанува да следиме соочувања со пофалби, критики, подршка на овој или оној кандидат. Се до 21 април, денот за првиот круг од претседателските избори. Кога веќе пишувам на оваа тема, сакам јавно да го презентирам и моето сопствено мислење за секој од кандидатите. Во прв план за Проф. д-р Гордана Силјаноска Давкова. Предлогот на опозицијата да оди на овие избори со кандидатка - дама со висок углед како научник (професор по уставно право на Универзитетот Св. Кирил и Методиј) чинам дека е брилијантен потег и добитна комбинација за победа! Станува збор за одличен и мудар предлог бидејки Г-ѓа Силјаноска-Давкова е личност со углед чист како солза, со брилијантно професионално педигре, дома и во меѓународната правна фела, кандидатка која ја има бланко подршката од целата актуелна опозиција во земјата. Вреди да се истакне со голема доза на сигурност дека Г-ѓа Силјаноска-Давкова ќе ја добие довербата на голем дел о женското лоби во земјата, како и од неопределените гласачи, а не исклучувам и од незадоволниците во самиот СДС. Со еден збор, мислам дека уште сега можеме да сметаме дека Република Македонија во наредните пет години ќе има дама за шеф на државата со што во голема мерка ќе се подобри нејзиниот имиџ како напредна демократија со висок степен на еманципација на жените во Македонското општетсво. Професорот Блерим Река лично не го познавам но задоволство ми е да кажам дека кога престојував во Брисел како амбасадор на Република Македонија во НАТО (2010 - 2014) имав прилика лично да чујам многу пофални зборови за него, (и тоа од врвни западни дипломати), додека бил амбасадор на РМ во Европската Унија, Такви кадри, кои одговорно и достоинствено ја претставуваат својата татковина секако и се неопходни на нашата земја. Најспорна, во моите очи е кандидатурата на Стево Пендаровски. Да не се лажеме, Стево Пендаровски не е консензуален кандидат на СДС и ДУИ, туку е избор наметнат од Калето, т.е. на длабоката држава отаде барата. Претпоставувам дека неговите америклански ментори биле во тешка дилема за кој нивен кандидат (на длабоката држава) да се определат - за Стево Пендаровски или Николка Димитров (фалеше уште Зоран Јолевски и тимот на кандидати да се комплетира), но очигледно изборот падна на С. Пендаровски! Зошто? Можеме само да претпоставуваме бидејки Америкланците не се определуваат за кандидати за високи функции во земји, нивни сателити, заради нивната убавина или дека се многу паметни, туку од многу други прагматични причини. Иако пропагандната машинерија на владеачката клика со пропагандно/инфомративна настојчивост во Гебелсовски манир веќе го промовира С. Пендаровски за иден претседател (!?), не сум баш сигурен дека тоа ке им помине кај македонските гласачи. Особено не после се што ни приреди владеачката гарнитура изминативе години и тоа според сценариото подготвено за разнебитување и редефинирање на Република Македонија отаде барата. Сега само им недостасува да интронизираат претседател на државата според нивната волја кој, како најобична марионета, ке треба формално да ги верифицира сите беззаконија што ни ги приредија изминатите години актуелниве властодржци со огромна политичка, но и финансиска подршка од страна (Вашингтон и Брисел). Со голема резерва треба да се примат заветите за кристално чисти, небаре скандинавски претседателски избори! На сценаристите за разнебитување на Македонија им е неопходно по секоја цена да го заокружат сценариото на ЦИА, и претпоставувам дека ке вложат секакви напори тоа да се оствари. Средбата на Заев со Џорџ Сорос во Давос во јануари о.г. не беше случајна, напротив! Претпоставувам дека и таа е во функција на финансирање активности поврзани со претседателските избори. За разлика од периодот на брутално мешање во нашите внатрешни работи на Џес Бејли, сега претстои многу посуптилно и демек понезабележливо инволвирање за поткуп на гласачи, полнење гласачки кутии и слични насилнички и противзаконски дејанија. За ликот и делото на Стево Пендаровски доволно се говори во ТВ емисијата на Васко Ефтов со Љјупчо Палевски, сопственик и уредник на порталот ДОКАЗМ (што силно сугерирам да се погледа на Јутјуб). На Љупчо Палевски сметам дека може да му се верува бидејки човекот ги знае работие изворно, од внатре. Се поставува прашањето: како може да му се верува на еден ваков тип (Пендаровски) кој произлегува од полициска средина и фамилијарна лоза, беше порт-парол на МВР кога министерка за полиција беше ВМРОвката Доста Димовска, од таму беше пилотиран во Кабинетот на покојниот претседател Борис Трајковски, потоа небаре независен кандидат на претседателските избори пред пет години кои катастрофално ги изгуби, за повторно сега да ни го нудат како непартиски и консензуален кандидат??? Доволно е да се анализира говорот на телото (body talk) за да се свати за каков самобендисан, нарцисоиден тип станува збор ко во случајот на Стево Пендаровски. Два примера: Кога пред пет години, во рамките на кампањата низ Стара Чаршија застана пред еден чистач на чевли, по завршувањето на гланцањето на чевлите му фрли, како на пес, банкнота од 1.000 денари (камерите се немилосрдни и тоа го снимија), без никаков респект дека сепак и чевларот е човек од крв и месо!!! Втор пример, кога на конгресот на СДС обзнанија дека тој (Пендаровски) е консензуален (!?) кандидат на СДС И ДУИ за претседастел, се појави на сцената мавтајки со рацете и со гестикулации даваше знак на присутните во салата да станат - небаре како да е естрадна ѕвезда која бара од публиката заедно со него да испеат рефрен од некој фолк-хит! И што мислат сценаристите од Калето - народот сиса весла и не може да свати и не гледа каква игра ни местат? Истите сценаристи не се свесни како ќе гласаат албанските гласачи кога на гласачките ливчиња е името на кандидат за претседател - Албанец? Не сум сигурен дела албанските гласачи слепо ке го слушаат лидерот на ДУИ Али Ахмети и во оваа прилика бидејки видоа и сватија дека станува збор за партија длабоко навлезена во афери, пред се во интерес на партиската врхушка. Апелирам до сите граѓани м а с о в н о да излезат и да го искористат своето уставно право да гласаат за да не се случи поради немање сензус власта да манипулира и кој знае по кој пат да ги преиначи работите во нивна корист, а на штета на сите нас. |