|
|
Кој тоа " собира " пари од дијаспората во свој џеб? |
Александар Џеповски Кој тоа " собира " пари од дијаспората во свој џеб? Тоа се истите луѓе што последниве 30 години го прават истото. Јас лично можам да зборам за Австралија, затоа што живеам во Сиднеј, гледам, анализирам и кажувам само вистина. Истите луѓе, кои ги испокрадоа црквите, го сатанизираа Владиката Петар, па здружени со екуменистите ватиканисти како владиците Наум, Пимен и Тимотеј се надмудруваат кој од кого повеќе да ограби од ветените колачи, преку еден цивилен "владика" подржан од грците и ГПЦ, како и неизбежната учителка поетеса што не знае песничка да состави...е тоа е таа багра што не дава Македонецот да диши и уништува се' Македонско, само за интерес на својот ненаситен џеб. Истата багра собра пола милион долари за фамилиите на паднатите борци во 2001 и направија еден видео за мали деца, приказки и морбидни лаги, им дадоа само по 100 до 150 марки на неколку фамилии што им беа статисти и се знае...490 илјадарки завршија во нивни џебови. Ова е причината што Македонците гледаат и не сакаат приватните џебови на овие мизерни индивидуалци да ги полни иако сакаат да помогнат од се срце во Македонија и за Македонците. Последново со собирање пари од учителката е капак на нивната мизерија. Таа е позната по собирање на фондови, како и исплата на Македонските учители по најминимална плата, додека кајмакот го собира лично таа. Ете ова се тие заевисти, ѓаволска секта во црквата и ненаситни профитери кои собираат пари, се преставуваат како законски регистрирани тела, организации, цркви со тапија поголеми од самиот Господ, да собирает и да пикнат пари наменети за Македонија едноставно кај самите себе. Неколкумина се, ама ајде де, трагедија македонска. Затоа драги Македонци, треба промени од корен. Ќе дојдете пак на моето кога реков многу одамна а тоа е без некој јавно да се заколне да се сноси одговорност за најмало париче и дека нема да тера судски процеси доколку се покаже со прст, нема да има мир и нема да одиме напред, ќе тапкаме во место. БОЖЕ ПОМОГНИ И ЧУВАЈ ЈА МАКЕДОНИЈА. АМИН !!! |