Среда, 27 Март 2019   
Народе, нека не те зафаќа апатија. Не’ бивало, не’ бива и ќе не’ бива

makedonija-gi-slavi-dvata-ilindena-144426Дали не’бива?

Интересно е што откако оваа власт е на сила, на земјоделството воопшто не му оди, особено во пласманот. Може да се претпостави дека тоа се прави со одредени цели. Како прво, да нема домашно производство за да можат увозниците да увезуваат, многу често производи со сомнителен квалитет. Тоа повлекува напуштање на земјоделието од страна на земјоделците, но и нивно отселување од родните огништа. Ова создава простор за населување на други лица.   

Користењето на неквалитетни земјоделски производи од страна на населението повлекува почести заболувања, вклучувајќи ги и работоспособните лица. Ова понатаму се одразува на вкупното производство во земјата, значи и помал бруто-домашен производ, помали приходи во Централниот буџет и буџетите на општините, но и помали придонеси за фондовите за здравство, пензиско-инвалидско осигурување и неврабвотеност. Помалите приходи значат потреба од задолжување на државата и општините, како во земјата, така и во странство и зголемување на вкупниот долг на државата. Значи, состојбите во државата се влошуваат, што доведува до општо незадоволство и апатија на населението.  

Ова со земјоделието во голем дел се однесува и на останатото стопанство, вклучувајќи го и градежништвото. Можеби со иста цел се запрени големите градежни проекти и воопшто, инвестирањето на државата, а приходите на државата, споредно со порано, не се намалени, туку значително зголемени. Од друга страна, се има чувство дека држават се задолжува енормно. Народот за тоа вели “како спроти глава“. Од тоа ненормално задолжување не се гледаат речиси никакви ефекти. Логично се поставува прашањето каде завршуваат тие огромни пари? Дали ваквото размислување не води кон помисла дека има вистина во гласиштата оти огромни пари му се префрлаат на Сорош како компензација за неговото финансирање на “шарената револуција“ и доаѓањето на овие на власт? Дали со истата цел е и создавањето клима на општо незадоволство и несигурност кај населението, што води кон иселување и повторно, оставње место за населување на други лица?  

Преку вестите се слуша дека и на стопанството не му оди. Ваквото “неодење“ може едноставно да се постигне со немање доволно пари во оптек, односно повлекување на парите од оптек (порано се викаше платен промет) заради извршување на меѓусебните плаќања помеѓу стопанските субјекти, но и помеѓу државата и стопанските субјекти и населението.  

За се’ што се однесува на парите одговор треба да даде Гувернерката на Народната банка. Имено, Народната банка е задолжена за оптималниот обем на пари во оптек и таа има инструменти како за повлекување, така и за уфрлање на пари во оптекот. Тоа се вика примарна емисија. Во Народната банка се регистрираат и плаќањата кон и од странство. Таа ги води и девизните резерви на државата. Во контекст на прашањата што погоре се поставени, а се однесуваат на парите, Гувернерката треба да даде отчет пред населението, односно да каже дали има зголемени плаќања кон странство, особено од Централниот буџет, вклучувајќи го и сомневањето за исплати кон Сорош. Таа треба да каже дали средствата во оптек се во рамките на оптималните за нормално извршување на меѓусебните плаќања, дали е зголемен обемот на меѓусебни долгови помеѓу стопанските субјекти, но и помеѓу овие субјекти и државата како резултат на недоволниот обем на пари во оптек. Меѓу економистите владее став дека со средства од примарната емисија не се постигнува развој. Но со недоволно средства од таа примарна емисија можа да се влијае врз забавување на развојот, односно врз намалување, а не зголемување на стопанската активност.  

Овде мора да се спомне општото незадоволство кај населението и општиот став дека “не не’ бива како држава, дека државата ни’ е за никаде, дека не не бива како народ ...“. Како некој намерно да предизвикува апатија кај обичниот човек во државата. Ако се погледаат економските параметри на државата пред доаѓањето на оваа власт, но и општата клима на стопански и други активности тогаш, треба да се потсетиме дека Република Македонија беше високо оценувана според бројни економски параметри и тоа од врвни светски институции, како Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка, разни меѓународни институции за рангирање итн. Значи, не’ бивало. Значи, и сега не’ бива - ако некој не работи против нас.  

Не може, а да не се спомне и правниот систем во државата. Сега владее мислење дека не било спроведувано правото во земјата. Ако се види што се прави сега на полето на правото, вклучувајќи го и правосудниот систем, ќе се утврди дека порано постоело и право и правосуден систем. Никако не треба да се заборави дека се’ што во правниот систем било направено било усогласено со Европската Унија. Како сега не ни’ чинел правниот систем? Има и мислење дека правниот систем, како усогласен со Европската Унија, бил добар, но не се спроведувал, особено во делот на правосудството. За тие што ги следат работите во делот на правото во светот е јасно дека никаде, дури и во најразвиените земји, нема стопроцентно спроведување на правото. Гледаме дека тоа е случај и во САД.   

Значи, народе, нека не те зафаќа апатија. Не’ бивало, не’ бива и ќе не’ бива.

Мирко Трпески

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.