Среда, 27 Март 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

1.  На ОЈО очигледно очајно му требаат апарати за слушање. Токму така, апарати за подобрување на слухот (не за прислушкување, се разбира, други масовно  го прават тоа) бидејки до нив не пристигнува никаков "допрен глас". Се прашувам како беше можно ОЈО воопшто да не реагира на кавгата помеѓу лицето Стојан Андов и професорот Љубомир Фрчкоски за атентатот на поранешниоот претседател пок. Киро Глигоров, во која кавга (се чини следи и судски расплет) беа изнесени во јавноста три конкретни имиња на можни организатори на тој чин: Стојан Андов, Љубомир Фрчкоски и Бранко Црвенковски.     

Претседател на државата не е само лице од крв и месо како сите нас! Тој истовремено е и   и н с т и т у ц и ј а, следствено ОЈО мораше веднаш да ги повика на интервјуа сите три персони кои, наводно, стојат зад атентатот на Глигоров, а не да молчи, како што прави до сега.        

Впрочем, колку што ме држи паметењето, истрагата за атентатот на Глигоров е сеуште отворена и МВР пред речиси дваесетина години дури распиша награда од еден милион германски марки за доносител на информација што недвосмислено би укажала кој стои зад овој грозоморен чин.       

А што се однесува до сторителите на атентатот, лично мислам дека такво нешто не можеше да биде сторено без асистенција на домашни служби (да на грешам душа но таква служба може да биде само МВР).      

Втор "допрен глас" (море не само допрен глас, туку громогласен крик???) дојде од интернет мрежата Викиликс (WikiLeaks) која објави и конкретни документи (дипломатски депеши), според кои, наводно, Зоран Заев пред случувањата во Кумановско насељекаде во судир со терористите од Косово загинаа осум униформирани лица - припадници на Македонската полиција, бил во Приштина каде се сретнал со Рамуш Харадинај и (повторно: наводно) била договорена целата операција,       

Дали дипломатската депеша т.е. телеграма од амбасадата на САД до Стејт Департменот е автентична или не знам и не сакам во тоа да навлегувам, но ОЈО мораше да го повика Зоран Заев на разговор, и да покрене истрага за овој случај. Нека учат барем од Американците кои ни се небаре како патрони, особено последниве години, каде две години се водеше истрага за наводно руско мешање во изборите во САД 2016 година во полза на Претседателот Трамп.

На негова среќа, истрагата покажа дека немало таква работа и правдата сепак е задоволена.

2. Претседателот на САД Доналд Трам и званично соопшти дека Исламската држава дефинитивно е поразена и таа повеќе не постои!

Исламската држава не падна од небо туку  н е к ој  стои зад нејзиното формирање. Се прашувам КОЈ и од кои МОТИВИ. Знам само дека директен резултат на нејзиното формирање и петгодисхно злосторничко делување се убиени стотици илјади невини лица, милиони бегалци и раселени, разурнати држави и бројни екстремни фанатици низ Европа и пошироко.

3. Шефот на македонкиот дел од од мешовитата македонско-грчка експертска комисија за историја, образование и археологија ни соопшти дека поглавјата за археологија во македонските учебници во новите изданија од есен ке бидат прикажани како дел од грчката античка цивилизација???

Го прашувам, па добро бе шефе (Виктор Габер), како ке бидат прикажани наодите од некрополата Требениште, од 6ти век п.н.е. на пример? Ене ги во Археолошкиот музеј за прв пат изложени над 400 предмети заедно, 100 години од откритието на таа некропола недалеку од Охрид!  Можевте со колегите Грци на пауза додека заседававте неодамна во Скопје да тркнете и да ја посетите таа изложба и да ги проверите вашите "експертски" ставови и тоа взаемно усогласени меѓу двете страни!?       

Многу сум љубопитен како ќе ја прикажете во новите учебници по историја битката кај Херонеја каде од античките Македонци масакрираа 35000 Грци!?

Патем, како ќе ја делите картата на географска (а за нас етничка) Македонија? Еднаш ја поделија во Балканските војни, сега повторно ќе ја делите, на хартија???

4. На фасадата од Владата најавуваат дека ќе ставеле ново име, ама по претседателските избори!

А како би било да не ја поганат, туку да ја остават онака фина, бела, невина, убава за око, како Белата Куќа во Вашингтон, на пример! На неа нема никаков натпис и сепак је препознават сите.

5. Ген-секот на НАТО Столтенбер гордо најави дека Грузија ќе биде членка на НАТО! А што ќе рече на тоа нејзината сосетка Русија? Водат ли сметка за тоа во седиштето на Алијансата во Брисел? Да појасниме: Русија во принцип нема ништо против проширувањето на НАТО! Но Русија НЕ ГО САКА НАТО НА СВОИТЕ ГРАНИЦИ! Не сум сигурен како ке помине Грузија, особено на економски план, доколку визијата на Столтенберг навистина се оствари (ова како дополнитело сознание на Стево Пендаровски).

6. Еден бисер од Советот на Европа: според нив, Албанија  требала да спроведе реален попис на малцинствата почитувајки го правото на слободно изразување на националните малцинства. Аферим бе Совету на Европа. А зошто таа препорака не ја упативте и на Грција (каде според мои сознанија има најмалку половина милион етнички Македонци) и  Бугарија, каде ги има барем неколку стотини илјади?

Двојните аршини за жал се константа и на Советот на Европа и на ОБСЕ, и на Европската Унија.... и да не редиме понатаму. Кристално јасни се работите.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.