Четврток, 04 Април 2019   
КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Професорката Силјановска – консензуален кандидат на измамените!
КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Професорката Силјановска – консензуален кандидат на измамените!
Страшо Ангеловски

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Професорката Силјановска – консензуален кандидат на измамените!

Прв пат, откако во самостојна и независна Република Македонија, Претседателот на државата се избира на непосредни избори,имаме двајца  кандидати со консензуална поддршка.

Првиот, Стево Пендаровски, громогласно најавен како консензуален кандидат на две политички партии, како заеднички избор на СДСМ и ДУИ, се позасилено станува консензуален кандидат само на политичките елити на тие две партии. Консензуален кандидат на партиските врвови, на партиските функционери, но и на нивните најблиски, на оние кои единствено се офајдија од власта во изминативе речиси две години. Консензуален кандидат на нивните синови и ќерки, на нивните сватови и баџанаци, на нивните снаи и зетовци, на нивните стрини, вујни и тетки, на нивните швалери и швалерки. Консензулен кандидат на нивните тендер партнери и на тукушто вработените партиски активисти. Консензуален кандидат на заробените судии и на ослободените криминалци. Консензуален кандидат на консензуалниот договор за разнебитување на Македонија, за промена на нејзиното име, за бришење на идентитетот и историјата на македонскиот народ. Консензуален кандидат на неправдата и неморалот, на еврото и доларот. Консензуален кандидат на економијата во слободен пад, на здравството во колапс, на културата во пропаст. Консензуално, како што самите милуваат да речат, “сидро“, “сидро“ кое ќе ја закопа во длабоката кал на пропаѓањето, државата што тоне. Консензуално “сидро“ за цврсто запирање во транзицискиот мрак, како природна средина на СДСМ.

Вториот, кандидатот на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова, која, скромно и ненаметливо, но полека и сигурно, станува консензуален кандидат на сите измамени. Консензуален кандидат на измамените Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи, Срби, Бошњаци… консензуален кандидат на измамените граѓани на Република Македонија. Консензуален кандидат на измамените кои не добија просечна плата од 500 евра, консензуален кандидат на докторите кои не добија плата од 100.000 денари, консензуален кандидат на земјоделците кои не добија субвенции и го фрлија родот по полињата, на сточарите кои ги преполовија стадата, на пациентите кои не само што не добија бесплатно лекување во Европа, туку и она уназадено лекување овде, во Македонија, ќе мораат да го плаќаат. Консензуален кандидат на пензионерите кои не само што не добија покачување, туку дочекаа намалени пензии, на уметниците кои Министерството за култура ги избриша како со училишна гумичка. Консензуален кандидат на обездостоинствените учители, наставници, професори и научни работници, на измамените ученици и студенти, на прелажаните и незадоволи учесници во “шарената револуција“, се разбира, оние, кои со чиста душа, поверуваа во шарените лаги.

Скромно и ненаметливо, но полека и сигурно, станува консензуален кандидат на измамените дека не постои “Тиранска платформа“, на измамените дека нема да се отвора Уставот за да се промени името на државава, на измамените дека е зачуван идентитетот и јазикот, на измамените дека е зачувана историјата, АСНОМ и Илинден. Консензуален кандидат на измамените дека ќе има правда, дека ќе нема корупција, дека ќе нема непотизам. Консензуален кандидат на сите измамени без разлика на нивната етничка припадност, зашто измамите на СДСМ подеднакво ги болат сите граѓани на оваа држава, ги болат татковците Албанци кои не можат да однесат млеко на своите дечиња, мајките Ромки кои не можат да ги облечат своите чеда, дедовците Македонци, Срби, Бошњаци кои од намалената пензија не можат да му купат ниту чоколадо на сопственото внуче, бабите Турчинки или Влаинки кои едвај ќе чекаат јавување од внучињата побегнати од измамите и заминати на печалба.

Скромно и ненаметливо, но полека и сигурно, професорката Силјановска, како кандидат на опозицијата, станува консензуален кандидат на вистината наспроти лагата, на зборот наспроти измамата, на честа наспроти неморалот, на достоинството наспроти свитканата кичма, консензуален кандидат на правдата наспроти неправдата, на законот, редот и мирот наспроти беззаконието. Консензуален кандидат на надежта наспроти апатијата, на позната и убава иднина наспроти неизвесноста, за сите граѓани на Република  Македонија.

Затоа, на 21 април, на ден Цветници, на денот кога Исус влегол во Ерусалим, за со доброто да го победи злото, за со правдата да ја победи неправдата, за со вистината да ја победи лагата, сите ние измамените, онеправданите, обесчестените, обездостоинствените, имаме можност, но и обврска, заедно, без разлика на вера и нација, на идеологија и партија, без страв и сомнеж, да ги поразиме злото, неправдата и лагата. Барем толку можеме да сториме за нашите деца. Во нивно име да ја започнеме демонтажата на насилно, со лаги и измами инсталираната власт и да им овозможиме иднина каква што заслужуваат.

(авторот е претседател на МААК)

https://denesen.mk/kolumna-na-angelovski-profesorkata-siljanovska-konsenzualen-kandidat-na-izmamenite/

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.