Вторник, 30 Април 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - VII

Martin Trenevski

М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - VII

1. Рубриката овој пат ја започнуваме со една ептен ексклузивна вест: Порталот mn.mk неофицијално дознава дека Поглаварот на Руската Православна црква, Патриархот Московски и на цела Русија г. Кирил оваа есен можно е да престојува во приватна посета на Македонија!!! Имено, Патриархот г. Кирил (кој, како што дознаваме, наводно имал (!?) македонско потекло), бил со намера да посети свои роднини во источна Македонија.

Иако, според изворот, станувало збор за строго приватна посета, дипломатската пракса укажува дека кога станува збор за личности од ваков висок ранг сепак зад кулисите се многу веројатни и работни или неофицијални, или како сакате да ги наречете, средби на кои е многу веројатно да се разговара и за многу сериозни теми!!!

Иако ставот на Руската Православна црква е на линија на негаторскиот став на Српската Православна црква кон МПЦ-ОА, сепак неспорно е дека токму Охридската архиепископија во времето на владеењето на македонскиот цар Самоил и царот на Русија Владимир I го даде православието на Русија и рускиот народ!!! Следствено, токму Охридската архиепископија чија наследничка и според каноните е Македонската Православна црква - Охридска архиепископија, de facto е м а ј к а ц р к в а на Руската Православна црква! Впрочем, тоа многу јасно јавно го констатира и Претседателот на Руската федерација Владимир Путин пред некоја година!

Велат: времето е лек за се! Да веруваме дека токму времето ќе овозможи нашите православни браќа Руси да се осознаат и да ги почитуваат своите духовни корени!!! Ние им го посакуваме тоа од се срце!.

Во меѓувреме, додека го подготвував овој прилог се прошири изјавата на Патријаргот г. Кирил дека е можно Цариградската Патријаршија да го примени "Украинскиот модел" за признавање на автокефалноста на Македонската Православна црква - Охридска Архиепископија.

Како и да е, сосема јасно е раздвижувањето во православната екумена и за очекување е да превладее разумот и прагматизмот за нешто што е многу извесно и очигледно: МПЦ-ОА е жива црква со древно минато, што е рењалност што треба да се почитува, наместо традиционалниот конзервативизам базиран на канони од пред 16 столетија.

И приматот на Бугарската Православна црква, Патриархот Неофит, наводно сериозно размислувал да ја посети нашата земја!? Дај Боже да дојде до тоа и што е можно поскоро!

Имам впечаток дека Бугарските духовници се далеку помудри и порационални од Бугарските политичари и особено од Бугарските историчари кои наместо да гледаат во перспектива за градење вистинско европско соседство помеѓу нашите две земји и народи, дремат длабоко закопани во националистичко-шовинистичките ровови од XIX век надевајки се дека лица како Зоран Заев и нему слични ќе им подарат на тацна се што посакуваат од славното Македонско минато. Но треба да се свесни дека тоа што се случи со именованиот З.З. не е со долг век, иако клонирани типови како кандидатот на Калето за претседател Пендаровски го смета за врвен адут за наше членство во ЕУ!?

3. Актуелниве властодршци во Република Македонија му објавија војна на сопствениот народ! Токму така, војна без никакви скрупули и со непредвидливи последици.

Заслепената власт прво се закрви со Исламската верска заедница (ИВЗ) па со судско решение се обиде да изврши пуч и да го смени нивниот поглавар Сулејман Реџепи! А за да го заплашат имамот испратија десетици полицајци во панцири и калашникови, финансиски инспекции и сл. Работава многу мириса на политички притисок, одколку на било што друго. Поглаварот Реџепи е миленик на партијата на Албанците ДУИ, а таа е во коалицијата на власт со СДСМ. Дали можеби ДУИ откажува послушност на СДСМ пред вториот круг на претседателските избори, не знаеме, а преку притисокот врз ИВЗ се приморани да бидат послушни и да постапуваат како што ќе им се каже!? Но како и да е - набргу ке дознаеме.

Второ, наместо да се радуваме на Велигденските празници, радоста ни ја помати скандалот што актуелните властодршци му го приредија лично на нашиот духовен татко - Поглаварот на Македонската Православна црква - Охридска Архиепископија, Архиепископот г.г. Стефан. Замислите какво безобразие: некој од Владата му интервеирал и го цензурирал текстот од Велигденското послание, т.е. обраќањето на Архиепископот до верниците и секаде што било напишано македонски народ и македонска црква, тие термини биле delited (избришани)!!! Какво силеџиство и насилие! Невидено и нечуено! Па нели и според Уставот црквата е одвоена од државата??? Со други зборови, државата не смее да се меша во работите на црквата??? Светиот синод се изјасни дека н е м а намера да го менува своето име и да прифати ново име на државата со некакви "северни" и слични додавки. Па господо властодршци, јавно ве повикувам да одговорите: Што намеравате да правите? Ќе го апсите и затворате Архиепископот, владиците, свештениците, а можеби и целиот македонски православен народ, и ќе и им ги дадете на обвинителката Рускоска и судиката Кацарска да ги обвинат за неослушност и да ги пратат на долгогодишна робија бидејки не го прифаќаат предавството на власта и силеџиски наметнатото име???

Во Македонија најголем дел од населението се православни Христијани, а втора по големина религиозна група се Муслиманите. Судејќи по споменатите случаи и примери Владата манифестира опасна верска нетолеранција кон сопствениот народ, а таа политика и последиците од таквото однесување се непредвидливи!!!

4. Забеганиот и клониран (а не консензуален) кандидат за претседател на Калето, Стево Пендаровски, се дрзна да се мајтапи со новинар/коментатор во еден од водечките дневни весници во Германија, Франфурктер Алгемајне Цајтунг алудирајки на написите од коментаторот Маркус Мартенс дека неговите коментари "како да му ги диктирал Груевски". Ало Стево, во кој свет живееш? Свесен ли си што значи Франкфуртер Алгемајне Цајтунг??? Можеш ли ти лично и тие што те лансираа во космички висини (а едвај одиш по земја) да сватиш дека на оваа планета има и нормални луѓе коишто размислуваат и делуваат со своите глави и памет, а не како што им диктира "длабоката држава" или соросоидите од Брисел? Опцијата што ја застапуваш за некој месец ќе ја однесе ветрот, но ти и тие околу тебе немате капацитет тоа да го согледате!

Дали пораките од токушто завршениот самит ЕУ - Западен Балкан во Берлин допираат до тебе, или ке продолжиш да се занесуваш и самозалажуваш со некакви евро-перспективи на нашата земја - Република Македонија? Тоа е многу далечна перспектива Стево, можеби десетина години од сега, а актот на капитулација од Нивице не е доволен за постигнување на посакуваната цел кон која сите ние тежнеете.

5. Се случи предавство! И тоа големо предавство! За сценариото на "длабоката држава" за преименување на Македонија, подржано од соросоидниот Брисел постоеа сознанија уште пред 5-6 и повеке години. Се работеше и да се спречи и да не се случи тоа што ни ги подготвија подземните служби од онаа, но и од оваа страна на барата. За жал, некои фактори дома изгледа не ја сватија сериозноста и димензиите за заверата против Македонија и не превзедоа се што можеше и што требаше да се превземе!!! Сепак, некои одбрамбени потези беа направени, но се случи предавство: активностите ги провали еден лигав тип кој глуми - те професор на еден петпарачки (приватен) универизитет, те дипломат и следеше она што го доживеавме последниве години - редефинирање и обезличување на Република Македонија! Погубното и уништувачко сценарио, за жал, сеуште не е финализирано до крај!

6. Ветив и повторно се обраќам за да го потсетам Јавното Обвинителство: Дами и господо обвинители, како би било конечно да се одважите и да покренете истрага "по допрен глас" за информациите од декласифицираната с л у ж б е н а комуникација помеѓу амбасадата на САД во Скопје и Стејт Департментот објавена преку ВикиЛикс (WikiLeaks) во којашто се тврди дека индивидуи од СДСМ контактирале со Рамуш Харадинај за ангажирање на косовски терористи десет дена пред настаните во кумановско Диво насеље кога беа убиени од терористи осум македонски полицајци!!!. Значи, станува збор за соучество на лица од СДСМ во у б и с т в о на македонски службени лица, полицајци, бранители на Уставот и поредокот дами и господо обвинители! Дали допира до вас ова сознание??? Очигледно засега НЕ!!! (Забелешка: Оригиналот од телеграмата na Викиликс со коментар неколку пати ја објавувавме во порталот mn.mk, но некојa невидлива рака(!) илегално влегува и ја брише! Очигледно некои структури во паријата на власт ја сватија сериозноста на случајот за којшто станува збор: соучество во повеќекратно убиство!

7. З.З најави метла (чистка) во структурите на власта по вториот круг на претседателстките избори. Го прашувам З.З: дали таа метла ќе го обфати и актуелниот МНР Никола Димитров? Па не личи бре луѓе: лице со полициско досие во трета земја за поседување на дрога да е министер за надворешни работи. Навистина не личи.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.